Реклама
Вирално

Македонците пијат и јадат на гробиштата, а ова објаснување зошто го прават тоа НЕ го знаат ни нашите свештеници

Реклама

Нашите погребни церемонии незамисливи се бе храна и пијалак, што на некој странец би можело да му делува и по малку морбидно.

Но храната што ја оставаме на гробиштата или пак кога ќе истуриме пијалак додека наздравуваме со пријателите за душата на некој покоен, неколку капки на земјата, или пак на самиот гроб, всушност преставува одреден начин да се комуницира со мртвите, а етнолозите ваквите обичаи велат дека се втемелени во старословенската традиција. Тие велат дека ваквата врска помеѓу живите и мртвите е нагласена посебно за празникот Задушница и Духовден, а храната што се дели на овие празници за душите на покојните и сите починати родини, преставува комуникација со умрените.

Маркетинг

Гробиштата преставуваат свет простор каде престојуваат душите на предците и покојните, место каде што се остварува таа комуникација. Овој обичај во нашата култура остана како важен дел од обредната пракса а неговите корени се длабоки и се врзуваат за претхристијанското време.

Маркетинг

Денес кога храната се остава на гробиштата се угостуваат и случајните минувачи и сиромашните, а понекогаш нашите верници се оставаат дури и запалени цигари кај оние кои додека биле живи биле страсни пушачи.

Од друга страна ако ги прашате свештените лица, тие ќе ви кажат дека доволно е да се помолите и да запалите свеќи, дека овие обичаи се пагански и дека немаат никаква врска со религијата. Но, постои и еден интересен момент, односно факт кој не го знаат ни свештениците.

Имено, ова како и палењето на коледарските огнови, е само уште еден доказ кој нашиот народ и нашата култура исконски ги поврзува со културата и традицијата на нашите предци што живееле на овие простори и тоа – пазите сега, од времето пред појавата на христијанството, па дури и неколку илјади години претходно. Овие обичаи можат да не одведат дури до културата и археолошкиот локалитет Лепенски вир, кој се наоѓа во Србија, на десната страна од Дунав, во центарот на Балканот, а од кој подоцна се развила и Винчанската култура која досегала и до територијата на денешна Македонија.

The Vinča culture of south-east Europe

Во прашање е култура која датира некаде од мезолитскиот период, односно од 6500 до 5500 години п.н.е. Според археолошките испитувања, пронајдена се населби кои датираат од овие период, со куќи во кои имало и гробови, а на кои се пронајдени канали низ кои храната и пиењето би можело да дојде дури до покојникот. Според студиите на Веселин Чајкановиќ на гробовите кај старите првото овошје било за него, па и првата голтка вино, ракија, па дури и вода се даваат за душата на покојниот и се одлеваат во земја. Исто како кога и ден денес, кај нашиот народ, ќе посипеме неколку капки ракија на земја во знак на сеќавање и за душата на покојниот или ќе прелиеме чаша вино преку неговиот гроб и ќе оставиме храна, која се јаде на истото место.

Во народот постои и обичај оние кои биле на погреб или помен, по гробиштата и храната и пијалакот со кој таму се послужиле, да заминат на ручек во куќата на најблискиот роднина на починатиот. (Во поново време постои и една понова пракса, а тоа е да се соберат во некој ресторан.)

И овој обичај потсетува на овие стари култури, односно на важноста на собирањето околу огништето во домот, кое од друга страна можеме да го поврземе и со нашата гостопримливост, односно со тоа што нашите врати се отворени за секого, без разлика дали е гост или патник.

Ова особено важи и за празнувањата како што се Слава или Именден, бидејќи и на тој начин се верува во епифанија на предците, односно најпрво треба да се задоволи нивната душа, а и непознатиот што ќе ви тропне на вратата, никогаш не знаете дали е гостин или нивниот дух.

Корените на овие верувања останаа во темница неколку илјадници години, за да денес, со најновите истражувања, повторно го видат светлото на денот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button