Реклама
Вирално

Македонците очигледно не се плашат од коронавирусот – спас од летните горештини побараа во Охрид и Струга, плажите преполни

Реклама

Едни се уште не веруваат во вирусот, а други пак се убедени дека нема токму нив да ги фати.

Корона вирусот не исчезна и покрај тоа што дојдоа високите температури. И не само што се уште не си заминува, туку и изминативе недели се едни од најлошите од почетокот на пандемијата на корона вирусот кај нас, а само во вчерашниот ден забележани се преку 200 нови случаи.

Маркетинг

Исто така вчера животот го изгуби девојка на 24 години која е најмладата жртва од вирусот во нашата земја.

Бројот на новозаболени секојдневно се зголемува, но тоа очигледно за некои луѓе во нашата земја не е доволна причина да бидат малку поодговорни, да држат социјална дистанца и да останат дома. Па така и овој викенд многумина потрчаа да се изладат на нашите езера и на сите останати одморалишта криејќи се од високите температури.

Маркетинг
Пештани во пресрет на новата сезона

Затоа Охрид и овој викенд е преполн со туристи. Можеби не како што тоа е обично за овој период од годината, но на плажите веќе нема слободна лежалка, па нема ни место каде да се стави крпа, а и во рестораните и кафеаните речиси сите места се зафатени. Преку неделата можеби и не е толку гужва, барем не досега, но кога ќе дојде викенд, ситуацијата потполно се менува, што може да се види и од гужвата со автомобили што од Скопје одат кон Охрид.

Навечер пак, многумина се шетаат низ старата охридска чаршија, а ретко кој вистински го почитува и држењето дистанца. На улиците може да се види и дека поголемиот дел од луѓето носат заштитни маски, но половина од нив НЕ преку устата (на рацете или под брадата), додека во кафулињата и рестораните маски носат само келнерите.

Стружани се бањаат и уживаат во кафулињата покрај Дрим

Слична ситуација е и во Струга, која исто така не е полна како што е обично во овој дел од годината, но сепак – плажите се речиси преполни, а истото е и со бројните ресторани и кафулиња покрај езерото и Дрим.

Така е речиси и на сите други туристички места во нашата земја. Познатите летни дестинации полека се полнат со луѓе, а на сите оние што бараат спас од превисоките температури очигледно не им смета тоа што делат простор со голем број свои сограѓани.

Пештани беше празно, но преку викендот се наполни

И за тоа време нашите медицински работници работат под полна пареа. Посебно оние во Ковид центрите. Додека ние се ладиме во некое езеро или пиеме ладно пивце под некое дрво во сенка со пријателите, тие мораат да носат скафандери на плус 35 степени, под полна заштитна опрема и да се борат со опаката болест за да зачуваат нечиј живот, истовремено ризикувајќи го својот, но и на своите најблиски. Тие даваат се’ од себе за секој пациент што ќе пристигне во болницата да добие помош, несебично помагајќи и работејќи со часови, без пауза, без можност да заминат на одмор.

Струга преку викенд (Принтскрин: Јутјуб)

Многумина од нас воопшто и не размислуваат дали овие луѓе имаат семејства, деца, родители, кои за жал не ги виделе со денови. И тие би сакале да уживаат во некоја сенка и да се опуштат покрај некое езеро, но за тоа немаат време – мораат да спасуваат човечки животи.

Принтскрин: Јутјуб

Затоа совет до сите оние што решиле ова лето да не останат дома, туку да заминат на одмор – носете маска, одржувајте дистанца и постојано мијте ги рацете. Следете ги препорачаните мерки, без разлика дали сте во продавница, на плажа или во ресторан. Подобро сега да се воздржиме од некои работи, па ако треба и од годишниот одмор, барем додека повторно ситуацијата не биде под контрола.

И имајте на ум дека и денес од 991 направени тестови, регистрирани се 136 нови случаи, а животот од опаката болест денес го изгубија шест лица.

Од нив еден е на возраст од 42 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111,  бројката на излечени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526.

Од нив активни случаи има најмногу во Скопје (1830), а потоа следува Тетово со 320 случаи, Куманово со 186, Штип 172, Струга 161, Гостивар 143, Охрид 133.

Во останатите градови има помалку од 100 лица.

Грција се уште затворена за македонските туристи

Што се однесува до патување во Грција, можеби одморот ова лето на ова место ќе биде нак=јдобро да се прескокне. Туристите кои во Грција ќе влегуваат преку граничниот премин со Бугарија, Промахонас, ќе мора да имаат потврда на англиски јазик за негативен PCR тест за Ковид направен 72 часа пред патувањето. НО влезот ќе биде дозволен само за државјани од листата земји кои грчките власти ја објавија пред две недели, а на која не се наоѓа Македонија.

Патниците кои ќе влегуваат преку копно или со авион ќе мора да го пополнат и специјалниот образец најдоцна еден ден пред патувањето. Новиве одредби на грчката влада стапуваат во сила во среда, 15-ти јули, а ќе важат до 29 јули, јави телевизија Сител.

Тоа значи дека македонските граѓани и после 15 јули најверојатно нема да можат да влезат во Грција, а таквата состојба ќе трае се до 29 јули.

Во моментов покрај домашните дестинации единствени опции ни се Албанија и Турција.

Дали можеме да се заразиме од корона при пливање во море или базен?

Професорот од Универзитетот Аристотел во Солун, д-р Павлос Николајдис зборуваше за тоа колку опасно може да биде пливањето во море и базени во текот на летото, и за што треба да се грижиме најмногу.

Како што вели, пливањето во базен што содржи хлор е целосно безбедно. Значи, никој досега не докажал дека постои потенцијален ризик од инфекција со корона. Истото важи и за морската вода.

Најголем ризик е постапката за капење насекаде. Условите за соживот со другите луѓе се всушност најголем ризик. На пример, ако има 20 лежалки на 10 квадратни метри, разумно е дека тој дел од плажата би бил пренатрупан.

На прашањето дали постои можност некој да добие вирус на плажа или надвор од базенот, професорот објаснува дека ова е многу малку веројатно бидејќи главниот пат на пренесување на вирусот е респираторно. кивање, кашлање, кивање, гласно зборување кога устата е отворена.

– Топол песок или која било површина не е местото каде што ќе се пренесе вирусот. Она што е сигурно е дека ризикот се зголемува само со сообраќајниот метеж на плажа, на пример во јавниот превоз. Додека престојуваме на плажа или базен, мора да се погрижиме да бидеме барем 2 метри оддалечени од другите, што е реално во Грција затоа што имаме бесконечно долги плажи. Покрај тоа, во однос на контакт и употреба на непознати предмети додека се на отворено, спречувањето на инфекција се врши со употреба на сапун или средства за дезинфекција, како што беше случај досега.Како што вели, сè уште се сведува на индивидуална хигиена, но и одредени мерки што ќе треба да бидат во сила и ова лето.

Поврзано

Back to top button