Македонците од Швајцарија во транс, Гавазова направи невиден спектакл – со ова сите ги изненади
Пејачката се појави видно расположена и со „Македонско девојче“ ги воодушеви сите
Салата беше полна до последно место
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова вчера имаше незаборавен настап пред нашите иселеници во Швајцарија.
На концертот настапи и Драгана Мирковиќ, а публиката цела вечер ги пееше нивните песни и се забавуваше.
Гавазова својот настап го започна со песната „Македонско девојче“ која што ја испеа заедно со публиката, а од видеата што се вртат на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека направија спектакл.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката за оваа пригода избра металик фустан во кој изгледаше како светските музички ѕвезди и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Нејзините згодни нозе беа во преден план, а сличен впечаток остави и со црниот асиметричен фустан што го носеше потоа.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа се фотографираше со фановите, но и со Драгана Мирковиќ која исто така блескаше и ја крена публиката на нозе.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…