Реклама
Наши ѕвезди

Македонците воодушевени од настапот на Молдавците, но и од ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ фустан на убавата пејачка од Литванија

Реклама

Хрватска и Албанија не успеаја да се пласираат во финалето, а Македонија пак одвај стигна и до полуфиналето.

Фото: Инстаграм/ Моника Љу

На првата полуфинална вечер на големата сцена во Торино мразот го скрши Албанија, додека претставниците од Молдавија ја запалија сцената.

Нивната песна „Тренелетул“ ги раздвижија сите во салата „Пала Олимико“ во Торино, а музиката и стиховите ги разиграа и нашите гледачи покрај малите екрани, посебно што во песната доминираше хармоника и народен мелос.

Маркетинг

Од друга страна, претставничката на Литванија, Моника Љу (34) ги воодушеви сите со својата необична креација.

Маркетинг

Шармантната пејачка со моќен глас се претстави со песната „Сентиментал“ и се квалификуваше во големото финале што треба да се одржи за два дена, додека вечерва е втората полуфинална вечер кога ќе настапи и нашата претставничка Андреа Коевска со песната „Кругови“.

Фото: Инстаграм/ Моника Љу

Покрај прекрасната песна, која за жал не котира баш најдобро во кладилниците и се наоѓа на 27 место, претставничката на Литванија привлече големо внимание со прекрасната тоалета во која што настапи, која претендира да биде прогласена за најубавиот сценски костим за оваа година.

Фото: Инстаграм/ Моника Љу

Во прашање е фустан кој е целосно припиен за телото на Моника и кој преставува фантастичен спој ја холивудскиот гламур и футуристичкиот стил, благодарение на малите светки кои хипнотизираат додека светкаат.

Фото: Инстаграм/ Моника Љу
Фото: Инстаграм/ Моника Љу
Фото: Инстаграм/ Моника Љу
Фото: Инстаграм/ Моника Љу
Фото: Инстаграм/ Моника Љу
Фото: Инстаграм/ Моника Љу

Што се однесува пак до нашата учесничка, Андреа, се уште не стивнуваат реакциите по скандалот со знаменцето.

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

По инцидентот Македонската радио телевизија се огласи со соопштенија и најави дека се оградува од ваквиот испад на нашата претставничка, но и дека следуваат дисциплински мерки по враќањето на делегацијата од Торино. Што се однесува за евентуалното повлекување на Андреа од Евровизија, тие не се во можност да го направат ваквиот чекор затоа што се поминати сите рокови за повлекување и тоа не би останало без последици кон јавниот сервис.

Фото: Принтскрин

Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува и можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија, стои во нивното соопштение што го објавија по реакциите на јавноста.

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Фото: Инстаграм/ Андреа Коевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button