Македонски Гранд ѕвезди што сите ги сакаат – Ѓорѓе воодушевен од талентот на нашите пејачи
Како студентка по медицина од Струмица и охридски рокер станаа Гранд ѕвезди што ги сака целиот Балкан
Македонскиот пејач Александар Јосифовски кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ настапи заедно со неговиот ментор Ѓорѓе Давид.
Тие настапија на 10 јубиларен фестивал „Магленијада“ на градскиот плоштад во Пожега каде младиот пејач од Македонија повторно ја воодушеви публиката со својот неверојатен глас.
„Начинот на кој публиката го прифаќа Јосифовски е неверојатен, ако земеме во предвид дека ова ни е трет заеднички концерт. Публиката дефинитивно го препознава како лице кое беше вицешампион во ‘Ѕвездите на Гранд’ и јас како ментор ја продолжувам својата приказна и понатаму за луѓето што се пласираа најмногу што се може“, изјави Ѓорѓе Давид и најави проширување на својот тим со уште една нова Гранд ѕвезда од Македонија.
„Следува една прекрасна приказна со што сега ќе имаме еден човек повеќе во нашата постава, а тоа е овогодишната победничка во ‘Ѕвездите на Гранд’, Славица Ангелова, додаде тој и го најави нивниот прв заеднички концерт во Струмица што треба да се случи вечерва, на покана на струмичкиот градоначалник
Во екипата која што ја предводи познатиот рокер се наоѓа и Ивана Петерс, за чии концерти секогаш се бара карта повеќе.
Инаку, Славица која оваа година победи во популарното шоу, уште со првиот настап ги воодушеви сите со својот прекрасен глас.
Таа тогаш освои осум поени, со што имаше право да го избере својот ментор и без размислување го избра Ѓорѓе Давид.
Познатиот рокер тогаш не го криеше воодушевувањето што оваа талентирана пејачка од Македонија е во неговиот тим.
Тој веднаш и порача дека уште од босанската пејачка Џејла Рамовиќ во шоуто не се појавил некој што олку го изненадил и воодушевил, со што ја израдува Славица но и нејзината мајка која не можеше да го сокрие емоциите пред камерите.
Инаку, ова не и беше прв пат на Славица да се натпреварува во ваков тип на телевизиско шоу. Таа и како дете се појави во музичкото шоу за тинејџери „Некои нови клинци“, а потоа и во бугарското шоу „The Voice“.
Сепак во „Ѕвездите на Гранд“ Славица постигна најголем успех кога како студентка на медицинскиот факултет во Софија реши да се пријави, а по девет месеци и да триумфира во ова шоу.
Ова беше полн погодок за неа, а победата во најпопуларното шоу на Балканот и ги отвори ширум вратите кон успехот.
Како изгледаше првиот настап на Славица во Ѕвездите на Гранд, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд