Реклама
Вирално

Македонските функционери ќе може да патуваат во странство, по враќањето за нив нема државен карантин

Реклама

Во три фази ќе тече олабавувањето на рестриктивните мерки за македонските граѓани, одлучи владата на синоќешната седница.

Првата фаза е тековното функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење.

Втората фаза, како транзициона фаза, е иницијално воспоставување на работните активности со почитување на препорачаните мерки и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на КОВИД-19, и трета фаза, која предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните превентивни, против-епидемиски мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.

Маркетинг

Од денеска е овозможено да отпочне со одржување на настава и спроведување на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука на возачи согласно протоколот за овие дејности.

Овој прв пакет „олабавувања“ на мерките предвидува и отпочнување со спортски тренинзи на отворено, исклучиво за индивидуални спортови и тенис, како и работата на спортските и другите обложувалници преку шалтер, повторно во согласност со протоколот од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Маркетинг

Согласно епидемиолошката состојба во државата и одлука од Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука да се дозволи отворањето на затворените трговски центри – моловите, со почитување на строги правила и протоколи за нивна работа во услови на спроведување на мерки за превенција за спречување на појава и ширење на КОВИД-19.

Во рамките на овие мерки се дозволува избрани и именувани лица, претставници на институциите на државата, да можат да патуваат во други држави, со запазени мерки на заштита, заради активности поврзани со координација на активности од државен карактер.

Новиот пакет мерки ги потврди и претседателот на македонската влада Оливер Спасовски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button