Македонските пејачки до вчера беа лути противнички, а денес – најголеми пријателки! Погледнете што прават и како изгледаат денес

Ја исфрли од финалето, а сега признава дека е воодушевена од неа и од нејзината неверојатна енергија

Пред само три години Барбара Јаковлевска и Добрила Чабриќ се натпреваруваа на сцената во музичкото шоу „Никогаш не е касно“ и се бореа за финалето. Но наместо ривалство, помеѓу двете Македонки се роди вистинско пријателство, за кое Барбара тврди дека е нераскинливо.
Со зборови не можам да ја опишам љубовта и почитта што ја чувствувам кон Добрила. Тоа е една неверојатна жена со неверојатна енергија и животно искуство. Ете, емисијата ‘Никогаш не е доцна’, не спои во дуел и пријателството трае и денес. Многу ми значат нашите средби и разговори, како и нејзините совети, посебно кога станува збор за животот и музиката, бидејќи таа има огромно искуство на сите полиња“, вели Барбара за Гранд онлајн и додаде дека ја имаше таа чест да ја слушне нејзината новата песна со која на 10 септември ќе се натпреварува на Охридскиот фестивал.

Инаку, Барбара неодамна снимаше поп-фолк нумера на која соработуваше со заедничкиот пријател со Добрила, Цане Петров.

„Секако најпрво побарав мислење од мојата драга Доби која ми кажа дека песната е полн погодок“, се пофали Барбара за споменатиот медиум.

Инаку, Добрила Ивановска Чабриќ има 93 години, а остава впечаток како штотуку да ја започнала својата кариера.

Таа е доајенка на Македонскиот народен театар и естраден уметник. Родена е на 1 февруари 1928 година во Србија.

Во МНТ се вработила во 1946 година и играла во првата претстава на македонски јазик „Платон Кречет“. Во МНТ за единаесет години активна актерска кариера остварила 29 улоги.

Таа и покрај ситуацијата со пандемијата предизвикана од вирусот корона за својот роденден ги собра пријателите и приреди забава во Дојран, каде што живее, а како што вели тоа го направиле затоа што проживеала век со песна и оптимизам и нема причина за 93. роденден да биде поинаку.

-Животот е еден и треба да се проживее и да се слави од ден во ден без никаква причина. Не се откажувам од дружбата, од пријателите, музиката ни животот. Секој ден ми е нов ден во кој можам многу работи да направам – изјави тогаш Добрила за „Гранд онлајн“ и додаде дека одамна донела одлука дека секој ден ќе го слави како да е посебен.
Фото: Фејсбук/ Барбара Јаковлеска
Фото: Фејсбук/ Барбара Јаковлеска
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска-Чабриќ

