Македонските Гранд ѕвезди направија спектакл – ПУБЛИКАТА ЦЕЛА ВЕЧЕР ПЕЕШЕ ЗАЕДНО СО НИВ
хаос во Босна и Херцеговина - публиката цела вечер пееше со нив! „Ваков делириум немам доживеано!“

Младите пејачи од Македонија во склоп на летната турнеја со нивниот ментор забележаа уште еден неверојатен успех
Познатиот рокер Ѓорѓе Давид и неговата колешка Ивана Петерс, заедно со младите пејачи кои што се прославија во „Ѕвездите на Гранд“, а на кои Ѓорѓе им беше ментор, меѓу кои се и Славица Ангелова и Александар Јосифовски од Македонија, имаа неверојатен настап во Бихаќ.
Рокерот беше горд на екипата од неговиот тим кои со својата енергија допринесоа за овој спектакуларен настан.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Тие настапија пред 12.000 луѓе во публиката и концертот траеше цели три часа во кои сите заедно ги пееја познатите песни.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Овогодинешната победничка во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Славица, на својот профил објави неколку фотки од настапот.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа за оваа пригода носеше долг црн фустан и црни старки, а нејзиниот ментор не криеше дека е презадоволен како од неа, така и од нејзините колеги.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
„Јас не памтам дека скоро сум доживеал ваков делириум. Се сеќавам на ваква реакција во Соко Бања и во Прилеп“.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
„Ова беше нешто ненормално и посебно. Апсолутно сите тројца Јосифовски, Славица и Џенан се покажаа како ненормално добри и јас сум горд на сите нив“, изјави Ѓорѓе по настапот, пишува „Гранд.онлајн“.