Реклама
Новости

Македонскиот политичар ја покажа својата „емотивна“страна и испрати порака до сопругата- еве кој беше поводот

Реклама

Иако важи за сериозен политичар, тој ја покажа и својата нежна и емотивна страна.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ѝ го честиташе роденденот на својата сакана сопруга со емотивна порака.

Маркетинг

„Ти ме научи што е живот, среќа, чиста мисла и универзум. Да ми бидеш среќна и со иста енергија. Се сакаме најмногу ама во нашите срца има место за сите. Ние сме едно ама добро мислиме на секој. Среќен роденден“, напиша заменик Николовски.

Кога станува збор за неговата сопруга Љупчо не се штеди на зборови и често и посветува објави со кои и покажува колку ми значи

Маркетинг
ФОТО: Љупчо Николовски/ Фејсбук

Неодамна тие прославуваа и годишнина од бракот па тој со неколку фотографии од свадбата и напиша дека ја сака најмногу на свет.

„Пред една година сакавме нашата љубов и среќа широко да ја споделиме со нашите блиски роднини, пријатели и другари/ки.

Денес, сите што не познаваат, се сведоци на нашата искреност, љубов, поткрепа, помош, нашата мисија за добрина и човечност.

Андријана ние сме едно срце за нас но и за секој што мисли да направи нешто добро и со љубов.

Те сакам најмногу на светот“ напиша Николовски.

ФОТО: Љупчо Николовски/ Фејсбук

Андријана и Љупчо се венчаа во 2019 година, а ја запроси во словенечкото гратче Порторож.

Љупчо и Андријана беа во врска неколку години пред таа да замине во Словенија, каде што работи. Тие ја прекинале врската, но на почетокот 2019 решија повторно да ја обноват и потоа набргу тој ја побара за жена.

ФОТО: Љупчо Николовски/ Фејсбук
ФОТО: Љупчо Николовски/ Фејсбук
ФОТО: Љупчо Николовски/ Фејсбук

На свадбата невестата носеше преубава венчаница која стоеше одлично на нејзиното убаво тело. Во прашање е модел кој е потесен во горниот дел и од половината надолу се шири, обезбедувајќи одличен изглед кај повеќето жени, додека пак поранешниот министер за земјоделство пак, носеше карирано сако и „лептир машна“.

ФОТО: Љупчо Николовски/ Фејсбук
ФОТО: Љупчо Николовски/ Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button