Македонскиот пејач што тргна по стапките на САША КОВАЧЕВИЌ го воодушеви целиот Балкан
Неговата нова песна никого не остави рамнодушен
Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Огнен Здравковски, ги воодушеви сите со својот нов спот.
Пејачот за Гранд продукција го издаде спотот за својата нова песна испеана на српски јазик и која се вика „Километрима“.
Целиот спот е снимен во Египет, односно во египетската пустина, и за него Огнен не штедел пари со што се издвои од многуте свои колеги и колешки кои во последно време своите нови музички спотови се почесто ги снимаат во студио.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Тој додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ беше во тимот на Марија Шерифовиќ, а е многу близок со Саша Ковачевиќ, пејачот со кого српските медиуми го споредуваат.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Песната веднаш стана хит на социјалните мрежи и веќе има 70.000 прегледи н Јутјуб, а е објавена пред само два дена.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Инаку Огнен е внук на легендарниот македонски виртуоз на виолина, Зоран Џорлев, кој почина од корона.
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Огнен кој со своето семејството живее во истата куќа со семејството на Џорлев беше многу погоден од оваа загуба.
Тој во една пригода за својот вујко ќе изјави:
„Ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да исчекорам по тој пат и да ја продолжам традицијата која тој ја правеше за нашето семејство. Многу песни, многу проекти останаа недовршени, но ќе ги довршиме некогаш и некаде“, изјави Огнен тогаш со солзи во очите.
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Но денес, да беше неговиот вујко жив, сигурно ќе се гордееше на овој успех на Огнен што тој го постигнува со својата нова песна.