Македонскиот пејач што пееше бугарска песна испадна од шоуто – според Цеца, тој веќе е голема ѕвезда!
Девојката со која што Дарко настапи во дуел исто така е од Македонијa, но таа доби повеќе гласови од него
Вчера вечерта заврши четвртфиналето од емисијата „Ѕвездите на Гранд“ во кое се преставија шеснаесет натпреварувачи.
Овие натпреварувачи се избрани од оние што досега најдобро се покажаа во популарното музичко шоу, а меѓу нив имаше и неколку од Македонија. Еден од нив е и Дарко Ѓорѓиески, шармантниот Македонецот кој живее во Австрија, но кој, за жал, не успеа да се пласира во следниот круг. Тој во претходната емисија заради песната од бугарскиот пејач Азиз беше критикуван од Саша Поповиќ и за малце ќе беше дисквалификуван бидејќи не настапи со песна на мајчин јазик (види тука).
Дарко вчера настапи во дуел со уште една Македонка, Славица Ангелова, која важи за една од најдобрите пејачки во шоуто.
Младиот пејач едноставно немаше шанси покрај неа, која директно помина во полуфиналето, а Дарко не успеа ниту од баражот.
За разлика од него, Јасмин Алиевски кој исто така заврши во баражот, на крај успеа да помине во следниот круг.
Како и да е, Дарко кој беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ во ова шоу стекна голем број пријатели, но и популарност.
Тој важеше за еден од омилените натпреварувачи на публиката во регионот, а го обожаваше и неговата менторка Цеца.
Таа по неговиот настап му порача да се концентрира за во баражот, но и дека ја има најубавата насмевка на светот, па ќе гази и понатаму.
Пејачката исто така во една од претходните емисии го пофали Дарко и откри дека тој веќе има еден голем хит зад него.
Имено, Дарко е еден од авторите на големиот хит „Бог и батина“ која е посебно популарен помеѓу помладата генерација.
Шармантниот пејач ќе остане запаметен и по големиот гест што го направи откако публиката ја нападна трансродовата пејачка Алина Јухарт дека наводно заради неа го избркале од шоуто.
Имено, во еден од претходните кругови Дарко исто така испадна, но по реакциите на публиката тој се јави со коментар и застана во одбрана на Алина. Тој тогаш апелираше до сите да престанат да ја напаѓаат, бидејќи таа не само што не беше виновна за неговото испаѓање, туку е и една прекрасна, позитивна, културна и искрена личност која не заслужува таков однос.
По овој негов несебичен и крајно позитивен гест, Дарко доби повик од Цеца која му соопшти дека повторно е вратен во шоуто.
За жал, тој вчера не се претстави во најдобро светло, така што тоа беше крај за него во оваа сезона од „Ѕвездите на Гранд“.
Но тоа што Дарко не успеа да влезе во полуфиналето, нема некое големо значење за него, бидејќи тој благодарение на шоуто стекна своја публика и повеќе од сигурни сме дека пред него е блескава кариера.
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески