Македонскиот пејач растура на целиот Балкан – сега со контроверзниот српски музичар ги воодушеви сите
Новата песна на Пајак, Десингерица и Зера за само неколку часа има неколку стотици илјади прегледи
Нoвата песна на Пајак со контроверзниот пејач
Новата песна на младиот македонски трап музичар Христијан Настески , попознат како Пајак, направена заедно со Десингерица (Драгомир Деспиќ) и Зера (Марина Пезеровиќ) за само неколку часа има стотици илјади прегледи на музичката платформа Јутјуб.
Песната веќе е на сите трендинг листи во регионот, па може слободно да кажеме дека ова ќе биде нов голем хит на младите музичари.
Принтскрин/ Јутјуб
Контроверзниот српски пејач Десингерица (31) во моментов важи за еден од најпознатите трап изведувачи во регионот, а нашиот Пајак (23) веќе е голема ѕвезда и надвор од нашите граници.
Принтскрин/ Јутјуб
Неговата песна со српската пејачка Теодора Џехверовиќ исто така беше полн погодок и има милионски прегледи на Јутјуб.
Принтскрин/ Јутјуб
Станува збор за песната „Летна авантура“ која што Теодора и Пајак ја објавија минатата година и која се уште се врти по радио станиците.
Принтскрин/ Јутјуб
Популарни се и соработките на Пајак со нашите пејачки Лара и Антониа Гиговска, а како звучи неговата нова песна, слушнете во продолжение…
Потсетуваме, Десингерица е познат по јавните настапи на кои публиката ја „мава“ по глава со своите патики.
Принтскрин/ Јутјуб
Пејачот заради контроверзиите што ги прави на сцена добива бројни негативни коментари, но истовремено добива и голема поддршка од неговите фанови што ги има во целиот регион.