Македонскиот пејач меѓу ПЕТ жени: Ова ќе му биде незаборавен одмор, ужива во секој миг поминат со нив
Македонскиот пејач замина на одмор со најважните 5 жени во неговиот живот.
Пере ужива во летото заедно со Јована, Миа, Каја, Софи и Ирис.
Фронтменот на групата Нокаут, Никола Перевски – Пере во приватниот живот е посветен опруг и грижлив татко.
ФОТО: Инстаграм / Никола Перевски
Од првиот брак со новинарката Александра има две ќерки, Михаела и Каја.
Михаела е и негов музички соработник. Таа ги пее придружните вокали на сите концерти на „Нокаут“.
ФОТО: Инстаграм / Никола Перевски
Но, освен нив две, тој има и трета љубов, ќеркичката Софиа.
Софиа и Ирис се плод на љубота со Јована, за која Пере вели дека е неговата долгогодишна љубов. Љубовта со Јована почнала во 2011 година во времето кога го спремале големиот анплангд- концерт во „Метрополис арената“.
Вели дека од самиот почеток знаел дека Јована е љубовта на неговиот живот.
ФОТО: Инстаграм / Никола Перевски
Поради одредени околности тие биле разделение одреден период, додека Пере живеел и студирал во Барселона, но честопати прелетувал земји за да ја види. Пресреќен е што ја обновиле врската и создале семејство.
Пере деновиве замина на летен одмор заедно со неговите четири ќерки и сопругата.
ФОТО: Инстаграм / Никола Перевски
Веднаш се пофали на социјалните мрежи и објави снимки од нивното патување.
„Миа, Каја, Софи, Ирис. Одмор со моите четири сирења“, напиша пејачот.