Македонскиот водител СТАНА ТАТКО: Го откри ПОЛОТ и ИМЕТО на бебето – честитки прстигнуваат од сите страни
Македонскиот водител сподели прекрасна вест, честитки пристигнуват од сите страни.
Некогашниот водител и сегашен портпарол на МВР, Гоце Андреевски доби ќерка, па убавата вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Гоце долги години е дел од македонската телевизиска сцена, а во својата кариера има работено на различни проекти.
Како дел од емисијата Утринска на Телма се стекна со голема популарност.
По завршувањето на тој проект, Гоце се префрли во Миистерството за внатрешни работи, каде и ден денес работи како портпарол.
Андреевски доста активно ги користи социјалните мрежи, каде често споделува приватни фотографии.
Најмногу внимание привлекуваат фотографиите со неговата сопруга Даниела.
Уште од самиот старт нивната врска е под будното око на јавноста.
Иако важеше за најпосакуван ерген, може да се каже и дека е непоправлив романтичар.
Тој се одлучи за романтично запросување на Даниела во Охрид, за кое сите медиуми потоа пишуваа.
„Св. Наум, извори, волшебна природна убавина…
Мир, тишина и вода бистра како Љубовта“, напиша тој во опис на фотографијата од запросувањето минатата година.
Годинава се одлучија и за свадбена церемонија.
Тие двајца буквално не се двојат и секаде одат заедно.
Најмногу уживаат во прошетките во природните убавини кои ги има во нашата Македонија.
Сега водителот откри дека им се случило она што секој брачен пар го посакува.
Гоце и Даниела станаа родители.
Иако бременоста ја криеја од јавноста, водителот сепак одлучи да сподели со своите фанови дека добил ќерка.
Според она што го напишал на Инстаграм, тие се одлучиле ќеркичката да ја крстат Јована.
Честитки до парот!
ФОТО: Инстаграм/ Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски
ФОТО: Фејсбук / Гоце Андреевски