TV

Македонскиот водител си ја отвори душата: „3 пати завршив во болница“

Познатиот македонски водител јавно проговори за сѐ низ што поминал.

Advertisement

Миро за првпат пред народот зборуваше за битката која ја водел, односно здравствениот проблем кој го имал.

Водителот Миро Кацаров е препознатливо ТВ лице повеќе од деценија.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Миро Кацаров

Уште од многу млад ја започна својата кариера и беше дел од многу проекти и емисии.

Денес има своја емисија веќе 4 сезони по ред на Канал 5 телевизија, а гости секогаш му се најпопуларните личности во земјава и регионот.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Миро Кацаров

Миро гостуваше во поткастот на Лазаров и Зоки Фаци, каде отворено и многу искрено зборуваше за својот приватен живот и за сѐ низ што поминал.

Него секогаш го краси широка насмевка и позитивен став кон животот, па можеби окму затоа понекогаш луѓето не го сфаќаат сериозно или пак сметаат дека сѐ му оди како подмачкано.

ФОТО: Инстаграм / Миро Кацаров

Но, и тој како и сите нас се соочил со многу предизвици.

Извесно време работеше како водител во естрадниот магазин Бекстејџ, но по завршувањето на таа соработка одлучил да замине да работи во Дубаи.

ФОТО: Инстаграм / Миро Кацаров

Таму работел во реномиран бренд, но 4 месеци одел само трета смена.

Tаквиот начин на живот кај него предизвикало појава на анксиозност и панични напади, кои некогаш биле толку силни, што две недели не излегол од својот апартман, а имал и самоубиствени мисли.

„Од ноќна смена, немав сонце, немав Витамин Д и ми се промени биоритамот. Работев 5-6 месеци само трета смена, од 12 ноќеска до 10. И почнав веќе со депресивни мисли, не можев дома да спијам и почнав да се мачам. Почнаа веќе големи панични напади. Тие панични напади не ги чувствував, само чувствував дека ми се ближи смртта, ми се потат рацете, нозете ми се блокираат. Јас завршив 3 пати во болница, многу тежок период ми се деси пред да заминам од Дубаи. Толку јако мава, што дури некогаш те тера и на самоубиство. Две недели јас не излегов, се плашев од сите луѓе, од секој звук се плашев, од секоја храна се плашев. Многу чудно, многу тешка анксиозност“, кажаКацаров.

ФОТО: Инстаграм / Миро Кацаров

ФОТО: Инстаграм / Миро Кацаров

ФОТО: Инстаграм / Миро Кацаров

ФОТО: Инстаграм / Миро Кацаров

ФОТО: Инстаграм / Миро Кацаров

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button