Македонскиот виолинист на многумина им го разубави денот – ужива на НАЈЛУКСУЗНОТО место на светот, вози специјално „Ферари“
Публиката ги обожава неговите настапи…
Виолинистот Виктор Ангелов веќе неколку дена ужива во Дубаи, а сега објави снимка и како свири на својата виолина качен на камила, среде пустина…
Нашиот најпознат виолинист на социјалните мрежи, Виктор Ангелов, покажа како ужива во Дубаи.
Имено, Виктор кој важи за еден од најпознатите виолисти од Македонија, на чии настапи атмосферата секогаш е лудило и го обожаваат ширум свет, на својот Инстаграм профил откри дека е на патување на една од најлуксузните дестинации на светот каде го спои уживањето со професијата.
Имено, тој веќе неколку дена ужива во својот луксузен одмор на Дубаи, а сега објави снимка и како свири на својата виолина качен на камила, среде пустина.
„Го возам моето Ферари“, напиша тој во коментарите.
Видеото погледнете го тука >>
Инаку, Виктор започнал да свири виолина уште како дете. Средното училиште го завршува во Србија, а потоа ги завршува студиите на познатиот универзитет „Mozarteum“ во Салцбург.
Досега многупати има настапувано со Македонската филхармонија, но имал и солистички концерти.
На социјалните мрежи познати се и неговите улични настапи и изведби на познати поп-песни низ светските метрополи.
Неговата верзија на „Деспасито“ од Луис Фонси и Деди Јанки изведена во Париз не само што ја виделе милиони луѓе низ светот, туку го воодушеви и познатиот репер Деди Јанки кој го покани во неговото шоу.
Погледнете уште неколку интересни објави на Виктор од неговиот профил на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Виктор Ангелов
Фото: Инстаграм/ Виктор Ангелов
Фото: Инстаграм/ Виктор Ангелов
Фото: Инстаграм/ Виктор Ангелов
Фото: Инстаграм/ Виктор Ангелов
Фото: Инстаграм/ Виктор Ангелов
Фото: Инстаграм/ Виктор Ангелов
Фото: Инстаграм/ Виктор Ангелов
.