Македонска фолкерка пред шест години ги спакува куферите и замина за АВСТРАЛИЈА – погледнете што прави и како изгледа сега!
Еве како се живее во земјата на кенгурите
Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски пред неколку години започнаа нов живот во Австралија.
Познатата фолкерка веќе неколку години живее во Австралија заедно со нејзиното семејство.
Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски се отселија во Австралија каде започнаа нов живот. Тие таму заминаа задно со синовите Стефан и Петар, а од фотографиите што фолкерката ги објавува на социјалните мрежи можеме да забележиме дека целото семејство е среќно.
Тие во Мелбурн имаат куќа која е уредена според нивните желби и потреби, и во која често доаѓаат колеги од Македонија.
На популарната фолк пејачка омилено место во куќата и е дневниот престој каде може максимално да се опушти и да гледа филмови, а како што самата изјави во една пригода, за мезето речиси секогаш е задолжен нејзиниот сопруг за кој признава дека одлично се снаоѓа во кујната.
Таа во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи, а неодамна објави неколку фотографии од кои можеме да видиме како пејачката ужива додека се сонча на плажата, но и дека има нова шик фризура.
Погледнете некои од нив…