Македонска фолкерка на црнец на увце му ја запеа песната „Шеик“ – АТМОСФЕРАТА ЛУДИЛО, долари и евра летаат од сите страни!
Знае како да ги забавува гостите…
Пејачката Сања Цинцева која е позната и како Сања Барби, направи хаос со песната „Шеик“ од Лепа Брена.
На социјалните мрежи исплива видео на кое таа во рацете држи долари и денари, но и како му пее на своето момче.
Цинцева одвај ги држеше парите, кои што ги прифаќаше со двете раце, додека микрофонот само што не и испадна.
Само да потсетиме, Сања деновиве заедно со нејзината колешка Сања Ристеска ги забавуваше гостите на една македонска свадба, кога и Ристеска објави неколку снимки на социјалните мрежи на кои рацете и се полни со пари.
Тие често настапуваат на вакви веселби, а Цинцева и неодамна објави неколку видеа на која ја китат со пари.
Тогаш на интернет се појави видео на кое се гледа како нашинци од дијаспората и ставаат пари во рацете на познатата пејачка.
Од толку многу пари што доби, таа дури и се збуни во еден момент, но само се насмеа и продолжи да пее.
Ова видео беше снимено во Швајцарија, каде Сања ја подигна атмосферата до лудило, а гостите богато ја наградија.
На пејачката нон стоп и лепеа пари, па таа од банкнотите одвај го држеше микрофонот во рацете додека пееше.
Но новото видео што деновиве е хит на социјалните мрежи очигледно е направено во Македонија.
Таа во рацете држи долари, но и денари, а од овие снимки можеме да видиме како шармантната фолкерка за само неколку минути заработува неколку просечни плати, посебно кога настапува надвор од Македонија и ќе запее некој познат гастербајтерски хит.
Но тоа што и „лепат“ пари очигледно не и пречи на пејачката, па таа само се смешка додека ги забавува гостите.
Потсетуваме, Сања го доби прекарот Барбика по својот атрактивен изглед и убавата руса коса што ја имаше порано.
Таа во последно време е се повеќе барана надвор отколку дома, а најчесто настапува во европските земји (Германија, Австрија, Швајцарија), по клубови и локали каде доаѓаат да се забавуваат иселеници од целиот регион.
Таа пред некое време реши да ја смени бојата на косата, па од русокоса ја бојадиса во розова, а сега е црнка.
Но прекарот и остана, а според многумина таа сега е дури и поатрактивна и важи за една од најубавите пејачки во Македонија.
За неа едно време се шушкаше дека е во врска со бизнисмен од Швајцарија, со кого се запознала на еден свој настап.
Но таа сама ги демантираше овие гласини за неа, а овој пат и самата поттикна нови, кога на една од снимките што ги објави на својот профил на Инстаграм, на која стои покрај црнец, напиша дека тоа е нејзиното ново момче.
„Со дечкото сум“, напиша таа со неколку „смајлиња“ на видеото на кое на момчето му ја пее песната „Шеик“ од Лепа Брена.
Дали тоа го напиша во шега или не, ќе се дознае наскоро.
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева