Наши ѕвезди

Македонска Гранд ѕвезда објави преубава вест – блесна и дијамантски прстен, младата пејачка пресреќна

Пристигаат убави вести од домот на познатата пејачка

Advertisement

Повторно среќни вести од домот на младата пејачка

Пејачката Мелиса Зијадиќ од прилепското село Лажани која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ сподели преубава вест.

Advertisement

Мелиса во претходната сезона од ова популарно талент-шоу не само што стигна до финалето, но и го освои високото петто место, така што заедно со Мики Секуловски и Андријана Петрушовска беа меѓу најдобрите финалисти, а таа беше најмлада од сите останати кандидати.

Но веднаш откако заврши шоуто, Мелиса ги изненади сите и кога откри дека се свршила со своето момче Ајдин.

Advertisement
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И не поминаа ни неколку месеци, а во нејзиниот дом повторно се слави, но овој пат во главна улога е нејзината сестра и нејзиното момче.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Имено, Мелиса на социјалните мрежи сподели неколку фотографии со кои откри дека и нејзината му кажала „ДА“ на момчето.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Пејачката на Инстаграм сподели неколку моменти од романтичната веридба што момчето и ја приреди на нејзината сестра.

„Таа кажа ‘да’“, напиша Мелиса на фотографиите.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Потсетуваме, за веридбата на Мелиса пишуваа и медиумите од соседството, за која велеа дека изгледа како во турските серии.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Младата пејачка тогаш сподели серија романтични фотографии од овој посебен момент и никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Тогаш официјалниот портал на „Гранд продукција“ пренесе дека веридбата на Мелиса изгледала како романтичните кадри што ги гледаме само во турските серии, а невестата блескаше од глава до пети.

Таа и нејзиното момче Ајдин, со кого пејачката претходно три години беше во врска, тогаш ги изненадија сите, а како сето тоа изгледаше потсетете се од фотографиите во продолжение.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button