Македонската фолкерка ЗАМИНА ОД МАКЕДОНИЈА: Адријана Кеш посреќна од било кога – еве вака се ужива
Македонската фолкерка се спакува и замина во потопли краишта и покажа како се ужива.
Адријана лудо се забавува, а насмевката на нејзиното лице покажува дека пејачката е посреќна од било кога.
Адријана Ацевска или како што позната кај публиката Адријана Кеш огромна популарност стекна тому со нејзината нумера „Кеш, кеш“, па публиката почна да ја препознава и по неа.
Овој хит направи „бум“ на естрадата, а го знаат и стари и млади.
„Песната „Кеш“ ми беше пресврт во кариерата. Кога ја снимив, можеби не бев подготвена. Кеш ме обележа. Си ги сакам сите песни. Драго ми е што и ден денес се вратат, се пеат на моите настапи. Името го добив по песната и мило ми е што ме препознаваат по некоја моја песна“, кажа пејачката во едно свое телевизиско интервју.
Адријана со музика се занимава уште од 7-годишна возраст.
Прво почнала да пее забавна музика, но преминала во фолк естрадата, а денес е една од најбараните пејачки од поноваа генерација.
Една е од ретките што освен со глас може да се пофали и со стас.
Својата витка линија Адријана ја одржува со редовно вежбање.
Пејачката одлучи да си даде малку оддишка, па ги спакува куферите и замина надвор од Македонија.
Адријана лудо се забавува, а насмевката на нејзиното лице покажува дека пејачката е посреќна од било кога.
Во моментов таа е во Занзибар заедно со своите пријатели од каде секојдневно споделува фотографии, на кои се гледа дека навистина ужива.
Додека ние овде смрзнуваме, таа е на песочна плажа и се сонча.
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш