Македонската Прва дама со ова издание го украде шоуто – претстедателот остана во сенка на нејзиниот шарм
Уште едно моќно издание на нашата Прва дама со кое ги воодушеви сите
Едно од најубавите изданија на нашата прва дама
Првата дама Елизабета Ѓоргиевска уште еднаш покажа дека има феноменално чувство за мода и дека знае како да заблеска.
Таа за оваа пригода блескаше покрај претседателот во поприлично тренди и отмено модно издание со кое што ги освои сите.
Од фотографијата што претседателот ја сподели на Инстаграм можеме да видиме дека Бети за оваа пригода избра црно-бела елегантна комбинација составена од долго црно здолниште и шик бела кошула.
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Здолништето направено од преубав материјал беше долго и со должина до подот, а кошулата Првата дама ја носеше опуштено, со неколку откопчани копчиња, подигната јака и подвиткани ракави.
Таа целото издание го заокружи со црн кожен ремен со кој допринесе за уште помодерен изглед, додавајќи му нежна и суптилна нота со малите „висечки“ обетки со камчиња, ненаметливата шминка зачинета со црвен кармин и фризура која беше одличен избор за еден ваков аутфит.
Па, дали ви се допаѓа Бети во ова црно-бело издание?
Погледнете уште неколку одлични модни приказни на македонската прва дама кои би можеле да ви послужат како инспирација…