Наши ѕвезди

Македонската победничка на „Гранд ѕвездички“ го покажа момчето – страсно се бакнуваа и танцуваа

Познатата македонска пејачка му подари страствен бакнеж на своето момче.

Advertisement

Благица Ѕунѕуровска својата музичка кариера започна да ја гради уште многу млада.

Во 2017 година Благица освои победа на талент шоуто „Некои нови клинци” и покажа дека е најдобар млад пејач на екс-Ју просторите.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Благица Ѕунѕуровска

Малото и слатко девојче порасна во прекрасна млада дама, за чии успеси регионот допрва ќе слуша.

Учеството на ова шоу на Благица ѝ донесе популарност и надвор од нашите граници.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Благица Ѕунѕуровска

Извесно време таа се снимаше и за својот Јутјуб канал, но одлучи максимално да се посвети на својата музичка кариера.

Активна е и на социјалните мрежи, каде честопати споделува објави поврзани со својот приватен живот.

ФОТО: Инстаграм / Благица Ѕунѕуровска

Благица дене се вбројува меѓу најубавите и најзгодни пејачки кај нас.

Фотографиите на кои позира разголена и во бикини дефинитивно ќе ве остават без здив.

ФОТО: Инстаграм / Благица Ѕунѕуровска

Благица деновиве ужива во Романија, каде е на патување заедно со своето момче.

Таа одлучи за првпат да го покаже своето момче во јавност и сподели видео направено во една дискотека, на кое и двајцата танцуваат и страсно се бакнуваат.

ФОТО: Инстаграм / Благица Ѕунѕуровска

ФОТО: Инстаграм / Благица Ѕунѕуровска

ФОТО: Инстаграм / Благица Ѕунѕуровска

ФОТО: Инстаграм / Благица Ѕунѕуровска

ФОТО: Инстаграм / Благица Ѕунѕуровска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button