Македонската „Пинк ѕвездичка“ порасна и сега е една од НАЈУБАВИТЕ ПЕЈАЧКИ на целиот Балкан (фото)
Таа е позната и како „македонската Бијонсе“
Како девојче ја запознавме во едно музички натпревар кога веднаш ги освои сите со својот беспрекорен глас и талент за музика.
Таа денес е една од најпознатите пејачки во Македонија од помладата генерација, со неколку големи хитови зад себе.
Кога имаше само 14 години таа се појави на „Пинк ѕвездички“ и буквално го украде шоуто штом се појави на сцената.
Станува збор за македонската поп-пејачка Лина Пејовска која уште од мали нозе ги воодушеви сите со својот неверојатен талент.
Заради нејзиниот моќен настап веднаш од жирито го доби прекарот македонската Бијонсе, а со песната „When we were young“ од Адел успеа да го расплаче Сале Тропко кој тогаш беше дел од жирито.
По шоуто нејзината кариера започна да се движи по угорна линија, а нејзините спотови денес бројат милионски прегледи.
Лина е поприлично активна и на социјалните мрежи каде секојдневно споделува фотографии од нејзиното секојдневие, но и од своите модни комбинации кои се одлична инспирација за помладите девојки.
Како таа изгледаше некогаш, на почетокот на својата музичка кариера, но и сега, погледнете во галеријата…
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
„Неваљала“
„Нека те боли“
„Нема“