Македонската Пинк ѕвездичка откри дека се соочувала со сериозни ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ, фановите згрижени за неа!
Малото и слатко девојче кое го гледавме на „Пинкови ѕвездички“ полека избледува и направи место за една девојка која плени со својата убавина.
Ако многумина се сеќаваат на Антониа Гиговска како на мало и слатко 14 годишно девојче со прекрасен глас, ќе се изненадат од трансформацијата.
Антониа многу работи на себе, а често и го менува својот имиџ, односно испробува различни фризури и успева секогаш да изгледа неодоливо.
Имаше период кога за време на карантинот Антониа имаше вишок килограми, но со помош на нутриционист, напорни тренинзи и внимавање на исхраната таа своето тело го доведе до совршенство.
Сепак во едно интервју за „Женски магазин“ откри дека откако ослабе имала тешкотии.
-Кога ослабев не бев среќна. Сега кога веќе проаѓа време доаѓам до заклучок дека сите треба да направат еден чекор повеќе за себе, но никогаш да не престанат да се сакаат себеси, такви какви што се.
Обично многу ретко пресекувам, ми треба мноогу време за нешто да престане, но кога се решавам, ставам точка и тоа е крај. Бев во „депр- есија“ повеќе од два месеца по губењето на килограмите.
Кога пејачот ќе почувствува дека не може да пее како што пеел, тоа е шок. За мене мојот глас е најголемо богатство, рече таа.
За среќа тука бил нејзиниот професор со кој работела секојдневно и се сè вратило во нормала.
Таа е неколку години во врска со Иван Јованов, фронтменот на Либеро бенд, со кој и живее заедно.
Сега во интервју за „Хаштаг“ таа раскажа дека купиле елка, лампиони и многу украси и дека заедно го накитиле домот.
„Секогаш заедно правиме сè, од украсување, до уредување, детали и слично. Мислевме дека Боно ќе биде задолжен за елката и дека кога ќе дојдеме дома ќе ја нема, но за среќа згрешивме“ вели Антониа.
Па иако за новогодишната ноќ нема да слават заедно со Иван таа вели дека веќе е навикната и дека нивната професија е таква, но откри дека подготвуваат дует.
За желбите пак во новата година Антониа вели дека нема многу големи желби и скромно посакува зад неа да останат сите тешки моменти.
„Она што јас би го оставила зад себе се сите оние тешки моменти коишто сум ги имала сама со себе од разно разни причини. Убавите моменти, спомени, помалку убавите моменти, мноогу солзи преку мојата музика и новите проекти, но и многу насмевки. Во новата година сакам да сум успешна, среќна, здрава, жива и опкружена со вистински пријатели“ вели Антониа во интервју за „Хаштаг“.