Македонската Пинк ѕвездичка откако порасна изгледа неодоливо – НЕВЕРОЈАТНА трансформација на младата пејачка!
Младата и убава пејачка со нова промена на имиџот.
Откако драстично ослабе, а својата фигура ја донесе до совршенство, Антониа Гиговска се почесто го привлекува вниманието со својот изглед.
Овојпат таа посети фризер, па направи мала промена, односно си направи шишки, па покажа како изгледа.
Долга руса коса и шишки одлично и прилегаат на Антониа, а со тоа се согласија и нејзините фанови кои го пофалија нејзиниот нов изглед.
Според последните фотографии кои таа ги објавува на социјалните мрежи евидентно е дека Гиговска работи на себе и секој ден изгледа се поубаво.
Имено, шармантната Гиговска во интервју за „Репортер“ откри дека ослабнала со многу упорност, вежбање и откако го променила начинот на исхрана, а големо влијание во нејзината одлука да почне со слабеење имала нутриционистката Клаудија Адеми, девојката која исто така им помогна и на познатите пејачки Ана Бекута и Инди да ослабнат.
Таа неодамна позираше во смел костим за капење и гои покажа своите нокти, но никој не гледаше во нив.
Покрај вакво тело, тешко е да се задржи фокусот на ноктите.
Инаку, Антониа скоро две години е во врска со пејачот Иван Јованов.
На почетокот нивната врска беше тајна и се криеја од медиумите, но сега на големо споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.