Македонската Пинк ѕвездичка направи хаос на Инстаграм – необични панталони и корсет со кој никого не остави рамнодушен!
Изгледа подобро од кога било досега
Младата пејачка прв пат се појави во емисијата „Ѕвездичките на Пинк“ во 2015 година и со својот глас ги освои сите.
Таа тогаш беше едно срамежливо девојче кое уште не беше ни тинејџерка, а сега само неколку месеци ја делат од полнолетство.
Младата ѕвезда Мартија Станојковиќ денес има речиси 70 илјади следбеници на социјалните мрежи кои постојано ги радува со своите фотографии.
Но овој пат покрај фотографиите на кои што е облечена во мошне интересно издание, таа објави и обработка на една песна со која никого не остави рамнодушен.
Имено, Мартија облечена во занесно издание ка пее песната „Нана тристе“ од Наталија Лакунза на шпански јазик.
Претходно, пред да го објави каверот, Мартија објави и неколку фотографии на кои позираше во истото издание. Таа носеше панталони со странички џебови (војнички крој), во крем нијанса, во комбинација со корсет кој што го носеше откопчан преку панталоните.
Мартија целото издание го заокружи со бели чизмички со тенки високи потпетици и својата убава, долга коса.
Корсетот во задниот дел е на врзување со врвки, што Мартија го покажа откако позираше свртена со грбот.
Откако ги објави фотографиите Мартија доби голем број комплименти на сметка на својот изглед, а вистинско воодушевување следуваше откако го објави каверот што може да се види и од бројните позитивни коментари.
Како таа ја испеа песната, слушнете во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CaF50Q-IpAl/
Инаку Мартија п потекло е од Куманово, и на седми април оваа година ќе наполни 18 години.
Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент уште кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото „Ултра”. Мартија кога имаше само седум години ја сними својата прва песничка „Пејачка ќе станам“ со која настапи на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“.
На „Пинкови ѕвездички“ учествуваше во текот на 2015 и 2016 година, каде постигна голем успех.
Таа стигна до самото финале и го освои второто место, а истата година ја преставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија кога се пласираше на дванаесеттото место.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ