Македонската пејачка ја покажа својата наследничка – без дозвола сподели нејзина фотографија
Македонската пејачка сподели фотографија од својата ќерка.

Маријана ја покажа својата наследничка.
Пејачката Маријана Новаческа својата музичка кариера ја започна многу одамна заедно со нејзината сестра близначка Росана.
ФОТО
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Близначките својот прв настап во дует го имаат на 17-годишна возраст.
Кариерата ја започаа со поп мелодии.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Во текот на својата кариера постигнаа неверојатен успех. Настапи концерти имаа ширум Македонија и сите сакаа да ги слушаат сестрите како пеат во живот.
Публиката ги сакаше, а нивните хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ се уште се вртат на нашите радио станици.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Маријана, која дотогаш беше во брак со композиторот Тоде Новачевски, се раздели од него и заедно со нивните две деца замина во Австралија, каде целосно ја промени професијата.
Љубовта кон музиката кај неа никогаш не згасна и до ден денес знае да запее за своја душа, но и за фановите кои ја следат на социјалните мрежи.
Овој пат Маријана сподели фотографија од својата ќерка Магдалена, се разбира без дозвола и јавно ѝ го честиташе роденденот.