Македонската пејачка со најубава насмевка некогаш и сега – денес е заводлива русокоса
Времето како да запрело за оваа дама.

Вики од година во година изгледа сѐ подобро.
Во 1972 година Вики Среброва се стекна со титулата „Најубава насмевка на Југославија“, која ѝ ја додели весникот „Вечерне новости“.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Во 1973 стана прва придружничка на Мис на Македонија, а потоа беше и меѓу шестте најубави девојки на изборот на ниво на Југаславија.
Уметничка душа, кој не може без музика – Вики беше доста успешна и како пејачка, но и како водителка.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Се чини дека сѐ ѝ оди од рака на оваа дама.
Од бракот со фудбалерот Јосе Сребров има три деца, и тоа синовите Нико и Владо и ќерката Елена од кои има внуци.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Иако долги години е дел од македонската естрада, мора да се признае дека изгледа извонредно.
Освен здравиот начин на живот и редовните козметички третмни, голем удел играат позитивните мисли.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Вики нема никогаш да ја видите намрштена и нервозна.
Таа го обожава животот и го користи секој момент за уживање.
Од секоја средба прави спектакл и радост.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
На Јутјуб се појави видео од нејзиниот настап на „Фолк фест ’95“ каде ја испеа песнат „Ангел момче штипјанче“.
Иако скоро целиот живот е русокоса, на оваа снимка таа е со црна коса.
За оваа прилика носи долг црн фустан со длабок шлиц кој одлично ја следи нејзината витка фигура.