Македонската пејачка со гола половина го покажа ТРУДНИЧКОТО стомаче, па го откри и полот на бебето
на среќата ѝ нема крај
Антониа и нејзиниот сопруг направија интересна фотосесија и го соопштија полот на бебето.
Иако релативно млада, Антониа Гиговска има достигнато големи успеси во својата кариера и работи кои и пејачи што се долго време на сцената ги немаат доживеано.
Уште со нејзиното појавување на Пинк ѕвездички малата Антониа ја освои публиката и оттогаш нејзината кариера се движи само во нагорна линија.
Активна е и на социјалните мрежи, каде освен објави поврзани со нејзината професија, понекогаш знае да сподели и фотографии од нејзиното секојдневие.
Антониа ги изненади своите фанови откако соопшти дека ќе стане мајка.
Иако сите сметаат дека е многу млада за оваа улога, таа е пресреќна и вели дека отсекогаш сакала да биде млада мајка.
Таа и нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски тајно се венчаа кон крајот на минатиот месец, па потоа одлучија тоа да го објават и во јавност.
Антониа изгледа посреќна од било кога и не пропушта ниу ден да не сподели како расте нејзиното меше.
Иако досега го криеја полот на бебето и оставаа фановите да погодуваат, Антониа и Роберт преку интересна фотосесија открија дека очекуваат момче.
„Нашиот капетан е на пат. Едвај чекаме да те запознаеме“, напиша пејачката во опис на фотографиите.
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска