Реклама
Наши ѕвезди

Македонската пејачка се спакува и се пресели во Америка – сега е НЕПРЕПОЗНАТЛИВА, ќе се изненадите како изгледа!

Реклама

Некогашната македонска пејачка ја смени професијата, и денес нема да ја препознаете.

Кон крајот на 90-те Александра Пилева беше еден од најдобрите вокали во земјава.

Маркетинг

Како и многумина, така и таа, желбата за подобар живот ја однесе далеку од границите на Македонија.

Заедно со сопругот и синот замина да живее во Америка.

Маркетинг
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

Александра Пилева, денес Чадиев, публиката првпат ја виде во 1998 година кога настапи на фестивалот Макфест со песната „Ти си тој“. Оваа песна до ден денес е еден од нејзините најголеми хитови.

На свои 22 години таа беше најстарата финалистка во „Плеј потрага по ѕвезди“, емисијата која беше една од најгледаните во тој период, а имаше цел пронаоѓање на млади музички талентирани имиња.

ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

Тогаш ја доби и песната „Ангел мој“, оја беше наградена со една од две специјали награди, а и препеана од многу музички ѕвезди од другите држави.

Во 2005, Пилева беше избрана како еден од шесте кандидати за претставници на Македонија на Евровизија 2005.

Откако таа го помина полуфиналето, во финалето се натпреваруваше против Мартин Вучиќ, каде што изведе четири композиции, од кои на крај ја изведе „Сонце и месечина”, и победи со телефонските гласови, но Вучиќ освои повеќе бодови од жирито и публиката со што беше избран за претставник на Евровизија таа година.

ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

Пилева долги години е во брак со поранешниот тренер на женската одбојкарска репрезентација, Зоран Чадиев. Како плод на нивната љубов, во 2011 година се роди нивниот син Лука.

Во 2013 година Александра заедно со Лука и Зоран се пресели во САД.

Во интервју за македонскиот весник „Macedonian Social“ кој се издава во Америка изјави дека ретко си доаѓа во Македонија. Нејзината мајка оди да ја посетува.

Љубовта кон музиката кај Алксандра никогаш не згасна.

ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

Таа настапува по американски клубови и локали. Некогаш со својот бенд Salted Cofee, а некогаш акустичо, само гитара и таа. Свират американски класици, рок, поп, кантри музика. Но, вели дека подготвени се да настапуаат на различни пригоди. Еднаш дури пееле и на македонска свадба.

Американската публика не знае дека Александра зад себе има богата кариера, но секогаш ѝ дава комплименти и коментари за тоа колку добро звучи.

ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

„Додека пеам никој не може да ми го осети акцентот, но кога ќе ѝ се обратам на публиката, ќе приметат дека имам акцент и знаат да дојдат да ми кажам дека немале поум дека доаѓам од друга земја. Понекогаш ми фали да бидам јавна личност како во Македонија, но среќна сум дека и овде сум опкружена повторно со музика и го работам она што навистина го сакам. Работам исто и во неколку музички студија, го позајмувам гласот“, откри пејачката во интервјуто.

ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

Александра од неодамна има нова професија. На социјалните мрежи со своите фанови сподели со што се занимава сега.

„На сите мои Фејсбук прифатели, пријатели и семејството. Гордо споделувам совас дека започнувам нова кариера како агент за недвижнини во ReMax Legends Oakbrook IL“, соопшти таа на Фејсбук.

ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

Секојдневно гордо споделува и фотографии од својата нова професија, на кои може да се забележи дека Александра навистина ужива во новата улога.

По повод светскиот Ден на татковците, Александра сподели фотографии од нејзиниот сопруг, но и нејзиниот татко.

ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

„За нашиот прекрасен татко и сопруг. Ти си нашето сѐ, ние сме тоа што сме благодарение на тебе. Те сакаме Зоран“, напиша таа.

Денот на татковците му го честиташе и на својот татко.

„Среќен ден на татковците на мојот татко. Те сакаме. Биди ни здрав и жив тато“, напиша Александра.

ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

 

ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук
ФОТО: Александра Чадиев / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button