Македонската пејачка растури на сцената, но жирито во „Ѕвездите на Гранд“ не гласаше за неа (видео)
Ова дефинитивно беше нејзиниот најдобар настап досега

Таа сепак успеа на крајот да се пласира за следниот круг
По настапот на Македонката Андријана Петрушовска и нејзината колешка Јулија Петровиќ во „Ѕвездите на Гранд“ настана „хаос“.
Имено, и двете пејачки се претставија во најдобро светло, а Петрушовска во еден момент се пресоблече на сцената и заигра во кожна комбинација што дополнително ја воодупеви публиката, но и жирито.
„Имавме трансформерс варијанта, се менува облека како во Лас Вегас на настапите, за две минути ново издание“, констатираше водителот Воја Недељковиќ по настапот на овие дами.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И бидејќи и двете пејачки добија подеднаков број гласови во првиот дел, тие си ги одмерија силите и со акапела пеење.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но овој пат според жирито Јулија беше за нијанса подобра, така што Петрушовска повторно заврши во баражот.
Сепак, ова не и претставуваше проблем на шармантната Македонка која и покрај тоа што конкуренцијата навистина беше голема, успеа да се пласира во четвртфиналето и да го продолжи натпреварот.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но за разлика од Петрушовска, Омар Џаферовски немаше среќа и не успеа да се пласира во следниот круг.
Повеќе за ова прочитајте тука…
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Петрушовска овој пат навистина изгледаше како светските ѕвезди на грандиозната сцена на „Гранд“.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Нејзиниот настап и беше причината заради која Цеца и Босанац се подзакачија малку, но на крај сепак ги смирија страстите.
А како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…