Реклама
Наши ѕвезди

Македонската пејачка побара помош за да продолжи „Проект среќа“- „Другари, ако секој од вас може да донира по 300 или 150 денари“

Реклама

Познатата македонска пејачка освен што одлично пее, таа неколку години се занимава со хуманитарна работа.

Убавата пејачка и автор Кристина Арнаудова веќе неколку години стои зад здружението „Проект среќа“, кое има за цел да помага на децата кои живеат во социјален ризик да имаат посреќно детство.

Маркетинг

Кристина за првпат се пробува како водителка, а сега на својот фејсбук-профил таа побара помош од други хумани граѓани за да може да продолжи со проектот.

-Другари, ако секој од вас може да донира по 300 или 150 денари месечно за нас и нашата работа овде на Patreon, тоа за нас би била неверојатен ветер во грб!

Маркетинг

Проект Среќа последниве две години ги изгуби скоро сите компании пријатели заради економската криза, и секојдневно се бориме за опстанок.

Сите средства ги усмеруваме кон градење и помош на оние на кои им треба! Но реалноста е дека нам ни треба помош за да ја продолжиме работата!

ФОТО: Критина Арнауова/ Фејсбук

Ние за разлика од повеќето не сме корисници на грантови ниту имаме некаква голема поддршка од било кого. Затоа Вие сте ни единствена надеж.

Вие кои знаете дека работиме за Вас и дека сме тука секогаш кога ви требаме! Поддржете не и донирајте месечно симболична сума која нам ќе ни биде голема помош!“ напиша Кристина.

ФОТО: Критина Арнауова/ Фејсбук

Кристина за „Женски магазин“ сподели дека нејзината мајка, за која често изјавува дека ѝ е најголемиот херој ја родила на 19 години. И покрај инсистирањето на семејството да биде дадена во дом за деца, Арнаудова вели дека љубовта и упорноста на мајка ѝ победила, и таа растела среќно крај неа.

Таа во истото интервју вели дека од мала сакала да помага.

ФОТО: Критина Арнауова/ Инстаграм

Кога бев доволно голема да разберам, сфатив дека мајка ми која ме родила на 19 години, е заслужна за тоа што јас растам со неа, а не во дом за деца, иако нашето семејство инсистирало да бидам дадена во дом.

ФОТО: Критина Арнауова/ Инстаграм

Тогаш сфатив дека она кое ме дели мене од децата кои се во дом, е само мал момент на одлука, мал момент на инает и љубов, став, и отпор кон предрасудите. Тогаш го добив тој голем порив да им помогнам. Не знаев точно како, но со текот на времето таа желба се искристализира во точна визија. И така се роди „Проект Среќа“.

ФОТО: Критина Арнауова/ Инстаграм

Кристина е активна на социјалните мрежи и со сите сили се бори да може овој проект да продолжи со работа и вели дека Занимавањето со хуманитарна работа луѓето ги менува. Ги прави благодарни. Нема поубаво нешто од тоа да си благодарен. За се. За храната, кровот, среќата, децата здравјето.

ФОТО: Критина Арнауова/ Инстаграм

Таа не запре и во време на пандемија па за „Женски магазин“ рече дека имаат поделено околу 100 уреди за следење на онлајн настава како што се таблети, компјутери и лаптопи.

Кристина има двајца синови и вели дека во наследство сака да им ја остави најубавата професија во светот, а тоа е да помагаат.

ФОТО: Критина Арнауова/ Инстаграм
ФОТО: Критина Арнауова/ Инстаграм
ФОТО: Критина Арнауова/ Инстаграм
ФОТО: Критина Арнауова/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button