Реклама
CelebrityFashionНаши ѕвездиСтил

Македонската пејачка во црвено мини фустанче – Која боја ѝ стои најубаво на Андријана?

Реклама

Убавта пејачка Андријана Петрушовска, нашата македонска гордост, сме ја виделе во различни модни комбинации. Таа експериментира со облеката, носи и различни бои, не е ограничена во изборот и како млада дама убаво ѝ стои се.

Ако ве прашаме која боја ѝ стои најубаво, сигурно нема да ви биде лесно да одлучите.

Маркетинг

Петрушовска е згодна и шарманта, има одлични облини и кога носи потесни креации тоа кај нејзе одлично прилега. И кога ќе одбере голо стомаче на нејзе е се како од насловна страна.

Маркетинг

Во последно време Андријана е често облечена во црвено, па претпоставивме дека таа ѝ е омилена боја.

На едно гостување во телевизија таа се појави облечена цела во црвено.

фото: Инстаграм

Андријана подготвува нова песна со видеозапис на кој очигледно ќе доминира црвената боја.

фото: Инстаграм

 

Објави фотографии од снимањето во студио каде што е облечена во мини фустанче во црвена боја. Ова привлече како магнет многу убави коментари од фановите.

фото: Инстаграм

Што мислите вие дали на Андријана ѝ стои најубаво црвена боја?

фото: Инстаграм

Доколку оваа млада дама ве инспирираше да облечете нешто црвено, еве неколку предлози од излозите на познатите брендови.

 

фото: ЗАРА
фото: МАНГО
фото: БЕРШКА

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button