Интервју

Македонската музика е наша лична карта. Ако научиме да се сакаме, ќе не сакаат и другите – искрено со Блага Петреска

Кога ќе се сетам на се она што сум постигнала и отпеала на ум ми доаѓа дека трудот не бил залудно - вели во ексклузивното интервју за Гламур Блага Петреска

Реклама
Реклама

Таа е една од најпознатите македонски фолк пејачки на изворни и новокомпонирани песни. Секогаш насмеана и весела каде и да се појави, тоа е нашата Блага Петреска, доајен на македонската народна песна. Публиката  ја знае и по нејзините многубројни испеани македонски народни хитови, песни без кои не може да се замисли скоро ниту една македонска свадба или веселба. Има снимено голем број на песни, плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи.

Приватна архива

Таа беше и остана една од нашите најголеми пејачки, но и ѕвезди, а како започна нејзината приказна со музиката, но и што прави Блага денес, дознајте од интервјуто во продолжение…

Маркетинг

Уште од многу млада  се занимавате со музика и сте биле  ѕвезда во родниот Прилеп. Се сеќавате ли на првиот настап?

Да,   тоа  беше кога бев  второ одделение, мојата учителка ми даде соло песна  „Кре ке ке Кре ке ке, во вир крекат жаби две“, со која го имав мојот прв настап. И јас  бев ѕвезда веќе во училиште.

Маркетинг

Малкумина знаат дека  пред да станете популарна сте  работеле и како наставничка, кога било тоа и што предававте?

Да јас бев наставничка  во  Музичкото  училиште во Прилеп, на мои 18 години, тоа беше едно убаво искуство. А предавав клавир.

Сте ја  играла насловната улога во драмата „Коштана“ заедно со Петре Прличко, какво беше искуството и чувството?

Да ја делиш сцената со величини како Петре Прличко, Љупка Џундева, Цекова е привилегија, голема чест и незаменливо искуство.

Првите снимки како изведувач сте  ги направила со оркестарот на Кочо Петровски. За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи сте снимиле голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестри и групи. Имате снимено и дуети со Гоце Арнаудов  „Пеам да не заплачам“, и со Ефто Пупиновски  „Песна може се“, „Зоро моја Зорице“ и  „Кај ме залуди Калино“. Многу хитови, многу награди. Што Ви буди сето ова кога ќе се сетите на тие времиња?

Искрено, да ги прошетам сите земји, да видам различни култури, кујни, богати семејства, друг начин на живот, е искуство кое не можеш да го платиш, а притоа да создаваш песни кои те одбележуваат и кои ќе останат во трајни вредности е големо задоволство.

Секогаш  сте насмеана и весела, но низ годините се соочивте  со тешки животни предизвици за кои многу ретко зборувате. Бевте  многу млада кога почина Вашиот  сопруг и никогаш повторно не се омаживте. Што Ви даваше сила да истраете сите овие години?

Љубовта кон децата, кон публиката, секогаш опкружена со народ кој ми возвраќаше со љубов, ми даваше сила, радост и ме правеше среќна.

Сите Ваши песни се хитови,нема веселба на која не се пеат овие песни кои будат емоции, од оваа дистанца, што Ви доаѓа на ум  кога ќе видите колку се сте постигнале и сте допреле до слушателите и сте ја пренеле Вашата убава енергија?

Кога ќе се сетам на се она што сум постигнала и отпеала на ум ми доаѓа дека трудот не бил залудно.

 

Кој настап Ви  оставил најголем впечаток и ќе го паметите?

Настапите на “Песната може сѐ” Пеам да не заплачам ” Ти ме предаде” Што да таксам на господа” и др.

Приватна архива

Долги години работевте во македонска опера и балет, што значеше тоа за Вас покрај успехот што го имавте?

Оперската музика духовно ме исполнуваше. Светските солисти кои доаѓаа на” Мајските оперски вечери ” ми овозможуваа да се восхитувам.

Како ги воспитувавте Вашите деца а и сега Вашите внуци, со оглед на тоа дека Вашите деца се успешни и реализирани личности?

Моите деца и внуци ги воспитував да се чесни, вредни, одговорни и скромни.

Приватна архива

Ако би бирале да се појавите на македонска музичка сцена дали повторно би сакале да е тоа времето во кое почнавте, или сега, и што сега најмногу недостига во ова време за оние кои го почнуваат патот, а кои беа Вашите привилегии тогаш?

Во моите почетоци и во тоа време имаше голем  ентузијазам, внатрешен порив за успех, сето тоа пропратено со емоции.  Мислам дека сега тоа недостасува.

Приватна архива

Често пати Велите дека треба да си ја зачуваме македонската музика, зошто? Какви се Вашите забелешки за денешното интерпретирање од страна на младите уметници?

Македонската музика е наша лична карта, наша препознатливост, тоа сме ние и ако научиме да се сакаме, ќе не сакаат и другите.

Во што уживате во секојдневието имате ли некои хоби кое ве релаксира?

Шетањето во нашиот парк, читање книги и многу разговори со моите внуци.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button