Македонската Моника Белучи и во петтата деценија мами воздишки – облече бикини и направи лом
Светлана Црнокрак во едно од најубавите изданија што сме ја виделе досега
Веќе со години важи за една од најатрактивните Македонки, а сега покажа и дека заслужено ја носи оваа титула.
Поранешната македонска манекенка и бизнисменка, Светлана Црнокрак, објави неколку фотографии со кои потврди зошто важи за една од најатрактивните жени меѓу познатите дами.
Светлана на својот профил објави неколку фотографии на кои е во костим за капење и покажа дека се уште изгледа беспрекорно.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Облечена во дводелен модел и со проѕирна блуска на себе таа го покажа своето витко тело и никого не остави рамнодушен.
Поранешната манекенка за оваа пригода избра винтиџ модел со црн долен дел со висок струк и „cou-out“ детали, додека горниот беше бел.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Светлана целото издание го „зачини“ со бела блуска со капа и материјал кој е хит оваа сезона меѓу светските трендесетерки.
Имено, плетените и мрежестите наметки, фустани и блуски за на плажа се ИН ова лето, а Светлана во ова издание ја истакна својата беспрекорна линија на која многу помлади дами можат да и завидуваат.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Таа веќе со години важи за една од најубавите Македонки, а сега покажа и дека заслужено го носи овој епитет.
Следуваа бројни коментари и лајкови на нејзина сметка, и сите се согласни дека изгледа брутално за свои години.
„Природна убавина“, „Наша икона“, „Преубава си“ се само дел од бројните комплименти што Светлана ги доби од фановите.