Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Ким Кардашијан покажа како изгледа нејзината мајка

Реклама

Таа е позната заради своите фитнес видеа

Фото: Инстаграм/ Ана Стојанова

И покрај тоа што пред извесно време направи тешка операција, таа не се откажува од своите фитнес видеа.

Имено, Ана Стојанова од Велес е мошне популарна на социјалните мрежи како заради провокативните фотографии на кои во преден план е нејзиното супер затегнато тело, така и заради инструкциите што ги дава за вежбање на девојките преку своите бројни видеа.

Маркетинг

Но овој пат оваа атрактивна млада девојка реши да објави една заедничка фотографија на која е со својата мајка. Фотографијата е сосем доволна за да заклучиме од кого Ана ги наследила својот изглед и убавина.

Фото: Инстаграм/ Ана Стојанова

Инаку, младата девојка е мошне популарна на социјалните мрежи каде има речиси 100.000 следбеници.

Маркетинг

Со фитнес се занимава речиси цели десет години и тоа поради здравствени причини. На социјалните мрежи постојано добива комплименти за својот изглед, а нејзините совети и видеа се гледани и по неколку десетици илјади пати.

Фото: Инстаграм/ Ана Стојанова

Поради операцијата мора да направи пауза

Инаку, Ана пред некое време имаше тешка операција на десното колено, па по успешната операција им се јави на фановите преку социјалните мрежи. Таа најави дека ќе и бидат потреби од 3 до 6 месеци повторно да се врати во теретана, но и дека верува дека ќе успее да оздрави побрзо.

„Свесна сум дека моето тело ни најмалку нема да изгледа исто. Свесна сум и спремна за се она што следи. Ги имам програмите и знам дека ќе се вратам побрзо од што мислам. Ќе бидам уште едно медицинско чудо. Ветувам. ?? . Кога ветувам јавно, си зимам голема одговорност и да го исполнам тоа. ДЕВОЈКИ! Не е крај, почнуваме заедно, почнуваме од нула. ЌЕ УСПЕЕМЕ!“ напиша таа на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Ана Стојанова

По ова таа се јави и од болницата и ги извести своите обожаватели дека операцијата поминала одлично и им се заблагодари на сите за поддршката.

Фото: Инстаграм/ Ана Стојанова
Фото: Инстаграм/ Ана Стојанова
Фото: Инстаграм/ Ана Стојанова
Фото: Инстаграм/ Ана Стојанова
Фото: Инстаграм/ Ана Стојанова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button