Македонската Ева Мендез ужива во мајчинството – ја објави првата фотографија од ќеркичката со необично име (фото)
Водителката Мартина Михајловска која во 2017 се сврши со Виктор Илоски неодамна стана мајка.
Мартина која пошироката јавност ја запозна како една од најатрактивните водителки на Бекстејџ се породи во април оваа година. Таа на својот Инстаграм објави фотографија од ќеркичката која таа и нејзиниот партнер Виктор ја крстија Алана со што пријатено ги изненадија сите бидејќи името не е типично за Македонија, а преубаво звучи.
Најпрво нејзиниот сопруг преку социјалните мрежи ја објави веста не криејќи ја радоста, а потоа дојде моментот кога и Мартина одлучи да се пофали на Инстаграм.
„Љубовта на мојот живот се роди денеска Алана.Се што сум и се што имаме е твое!Да си ми жива и здрава, благословена од Бога, а за се друго тука е тато…Благословен и најсреќен ден во мојот живот. Мартина и мојата мала принцеза. Ве сакам двете бесконечно“, напиша тогаш Виктор.
Мартина пак, сега објави и фотографија на која се гледаат ноџињата на малата Алана, а следуваа дузина лајкови и честитки од нејзините воодушевени пријатели и обожаватели на социјалните мрежи.
Инаку Мартина пред да застане на лудиот камен беше влијателна личност на социјалните мрежи. Редовно споделуваше фотографии, а поради убавото лице беше позната како македонската Ева Мендез.