Македонската дива повторно не остави без здив – кусото фустанче што го носеше хит на социјалните мрежи
Поприлично моќно издание на Каролина во кое главна ѕвезда беше сребрениот металик фустан

Гламурозен тренд што ќе биде хит оваа есен
Македонската поп-дива Каролина Гочева на еден од своите последни настапи ги воодушеви сите и со својот изглед.
Пејачката од овој свој настап сподели и снимка на социјалните мрежи, а оние што ја следат модата еден детаљ посебно ги изненади.
Каролина која секогаш привлекувала внимание и со својот елегантен изглед, овој пат избра фустан кој како да беше скроен само за неа.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Пејачката едноставно изгледше како божица во ова издание, а за сé беше виновен материјалот што ќе биде хит оваа есен.
Имено, металик нијансите повторно се ИН, а тоа можевме да го видиме и на доделувањето на Еми наградите.
Инстаграм/ Каролина, Ј. Стојменовиќ
Ваквите креации беа омилениот избор на многу светски познати дами на црвениот килим, а очигледно овој тренд го обожава и нашата пејачка.
Блескавите фустани се одличен начин својот изглед да го направите елегантен и гламурозен, а Каролина многу добро го знае тоа, па на еден совршен начин го комбинираше со црно „оверсајз“ сако што исто така беше совршен избор за овој преоден период од годината.
Инстаграм/ Северина
Впрочем и големите светски ѕвезди како Бијонсе, Кајли Миног и Тејлор Свифт многу добро знаат како функционираат сребрените и златните металик нијанси кога е во прашање сцената, а оваа „тајна“ очигледно им е многу добро позната и на на ѕвездите од регионот како Северина и Маја Шупут, но и на нашата Каролина.
Таа со својот глас, емоции, но и појава повторно ги воодушеви сите, а како изгледаше, погледнете во продолжение…