Македонската дива во вакво издание не сме ја виделе – пејачката блескаше, овој детаљ го украде шоуто
И во обични фармерки изгледаше волшебно на сцената
Каролина Гочева покрај тоа што е една од најпознатите наши пејачки, таа е и една од најдобро облечените жени во Македонија.
Нејзиниот стил никогаш не е претенциозен и зрачи со елеганција, без разлика дали станува збор за опуштени дневни или модерни вечерни изданија, а многу често знае да направи и одличен спој меѓу нив.
Впрочем така беше и овој пат кога Каролина на својот последен настап се појави во широки фармерки, а она што посебно привлече внимание беше необичното црно боди што го носеше.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Имено, во прашање е тренди модел со голем отвор во пределот на деколтето со што пејачката го истакна овој дел од своето тело.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина на својот Инстаграм профил објави серија видеа од кои можеме да видиме како уживаше во ова свое лежерно издание.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Пејачката едноставно блескаше на сцената, а многумина се согласни дека никогаш не изгледала подобро.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Впрочем за тоа зборуваат и нејзините фотографии што само еден ден претходно ги објави на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Во прашање е нејзиниот албум од одморот во Скијатос со сопругот Михаил Корубин, каде популарната поп-пејачка посебно внимание привлече со фотографиите на кои е во костими за капење.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина на овие фотографии изгледа топ и нема ни грам вишок на себе, а во тоа може да се уверите и сами….