Македонската Гранд ѕвезда ќе ве изненади – поубава од Шехерзад, и Мики Секуловски блеска со неа
Македонско девојче што ги воодушеви сите
Познатата пејачка блескаше во ова свое издание
Откако неодамна ги воодушеви сите појавувајќи се во необично издание на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ (црвен фустан инспириран од старото знаме на Македонија – повеќе за ова тука) и предизвика воодушевување посебно кај гледачите од Македонија, нашата Гранд дива, Андријана Петрушовска, повторно блесна.
Имено, Андријана деновиве на еден настан се појави облечена како принцеза, а на некои им заличи на Шехерзад од „Илјада и една ноќ“.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Во интересната креација во светла беж нијанса со длабок шлиц со кој пејачката ги истакна убавите нозе, но истовремено покажа и како треба да изгледа една дива. Фустанот иако беше кус, односно проѕирната наметка повеќе откриваше, отколку што сокрив, креацијата не само што не изгледаше вулгарно, туку и спротивно.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Пејачката едноставно блескаше во ова свое издание, а внимание привлече и со своите шик високи сандали.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Петрушовска целото издание го зачини со својата долга црна коса и црвен кармин, а покрај неа блескаше и Мики Секуловски.
Фотографиите што Андријана ги објави на Инстаграм предизвикаа лавина од коментари, а многумина и на двајцата им порачаа успешна кариера, како во татковината, така и надвор од неа.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Андријана Петрушовска деновиве ги израдува своите фанови со една преубава вест што ја сподели на Инстаграм.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Имено, Андријана на својот Инстаграм профил најави дека на 30 јуни ќе одржи концерт во Драчево (кај крстот), со цел да им се одолжи на своите бројни поддржувачи што гласаа за неа во финалето.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Пејачката се огласи со емотивни зборови и откри дека специјални гости ќе и бидат Мики Секуловски и Александар Јосифовски.
Повеќе за концертот прочитајте тука.