Македонската Гранд ѕвезда ја покажа својата совршена линијa, но и тетоважата што ја има на интимeн дел од тeлoтo (фото)

Ова издание на Марија им се допадна и на многу жени

Македонската пејачка Марија Груевска која се прослави во целиот регион со своите екстравагантни настапи во „Ѕвездите на Гранд“, и кога не е на сцената знае како да ја донесе атмосферата до точка на вриење.
Впрочем така беше и овој пат кога Марија позираше во својот омилен кocтим за капење.

Имено, пејачката одлучи топлите летни денови да ги помине уживајќи во сонцето и потполно да се посвети на самата себеси.
Таа објави неколку нови фотографии на Инстаграм и притоа ја покажа својата беспрекорна линија.

Таа носеше дводелен модел зачинет со светкави камчиња, a на фановите им покажа како и стои гледано од сите агли.

Но покрај тоа што ги почести своите фанови со фотографии во костим за капење, таа ја покажа и тетоважата што ја има во долниот дел од стомакот.

Шармантната пејачка покажа дека на овој ин-тимен дел од телото има истетовирано распеана птичка која половина е подзатскриена од долниот дел на костимот за капење, додека од клунот се гледаат како излегуваат ноти.

За само неколку часа фотографијата имаше преку 5000 лајкови, но и бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.

Инаку, Марија беше една од финалистките во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ што заврши неодамна.

Таа важеше за една од најекстравагантните пејачки која со своите настапи ги помести границите во ова музичко шоу.

Пејачката во една од епизодите се појави со змија околу вратот и ги шокираше сите, а Карлеуша тогаш и порача дека има eело какво што секоја жена би посакала и дека за неа преставува македонската Ким Кардашијан.
Како Марија изгледаше во својот омилен кocтим за капење (фотографио бр. 3 и 4), но и уште неколку нејзини провокативни издание, погледнете во галеријата што следува во продолжение на овој текст.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
