Македонската Гранд ѕвезда сподели среќна вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Се огласија и нејзините колеги од популарното шоу кои ѝ посакаа да ѝ се остварат сите желби
Посебен ден за победничката во Ѕвездите на Гранд
Македонската пејачка и победничка во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова, деновиве имаше посебна причина за славење, а социјалните мрежи беа преплавени од честитки од пријателите, колегите, семејството, како и од бројните обожаватели од целиот регион.
Имено, таа го прослави својот 22 роденден, а нејзините следбеници и посакаа многу здравје, среќа и успех во животот и кариерата.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Се огласија и многу нејзини колеги кои преку социјалните мрежи и посакаа да и се остварат најубавите желби.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Роденденот и го честиташе и нејзиниот ментор од „Ѕвездите на Гранд“, рокерот Ѓорѓе Давид, а од роднините си доби и фотографии од нејзиното детство кои пејачката исто така ги сподели на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Потсетуваме, Славица по победата во популарното шоу постојано настапува низ регионот, а за нејзиниот новогодишен настап се уште се зборува. Имено, таа тогаш се појави во црвен кожен мантил со потписот на македонската дизајнерка Ива Спасовска, под кое носеше „мал“ црн фустан, а како македонската Гранд ѕвезда изгледаше во ова свое провокативно издание, погледнете во продолжение…