Македонската Гранд ѕвезда сподели преубава вест – емотивната порака за сопругата ги разнежни сите
Голема прослава во домот на македонската Гранд ѕвезда – пејачот со емотивни зборови и се обрати на сопругата!
Неговата сакана изгледа како принцеза
Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ, овие денови имаше посебна причина за славење.
Имено, неговата сакана сопруга Аида Цако славеше роденден, па пејачот со емотивна порака и го честиташе пред сите.
„Тргни со мене, држи ме за рацете. Па и ние да имаме мирно пристаниште. Јас немам никогаш да те испуштам од вид, секогаш ќе бидеш моја. Аида, среќен ти роденден мило мое“, напиша младиот пејач под заедничката фотографија што ја сподели на својот профил на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Инаку, Ален, кој успешно го балансира приватниот и деловниот живот, со Аида заплови во брачните води минатата година.
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Тие најпрво направија венчавка според шеријатски обичаи, а потоа, во мај оваа година, и голема свадба за која се уште се зборува.
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Неговата сопруга е една убава дама која плени каде и да се појави, а пејачот не крие колку е вљубен во неа.
Впрочем за тоа зборува и неговата роденденска порака, а како оваа дама изгледа во своите елегантни изданија, погледнете во продолжение: