Македонската Гранд ѕвезда со тажна вест – скршен од преголема болка, трагедија за целото семејство
Неговата емотивна објава никого не остави рамнодушен
„Патувај мирно душо џенетска!“
Пејачот на својот Инстаграм објави фотографија од својата баба и со емотивни зборови се збогуваше од неа.
Македонската Гранд ѕвезда, Ален Хасановиќ, објави тажна вест на својот профил на социјалните мрежи.
Тој најпрво објави фотографија од својата баба која ненадејно почина, а му беше голема поддршка во животот.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
„Патувај мирно душо џенетска“, напиша тој врз фотографијата на која неговата баба седи на фотелја и се подготвува за молитва.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Ален потоа врз фотографијата на која што ја држи својата баба за рака напиша емотивна порака со која се збогуваше од неа.
„Патувај мирно душо џенетска. Секој што те познаваше знаеше каков си инсан и колку убава душа живее во твоето тело. Како една големо семејство кое поминуваше и добро и лошо во живото, но со твоите зборови секогаш бевме посилни, секогаш го чувавме карактерот и образот како најсјаен дијамант“, ја започна својата емотивна порака пејачот.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
„Нано. Мајко. Добра душо. Ги благодарам за сé што направи за нас и што не научи на вистинските вредности во животот. Патувај мирно кон небесата, нека ангелите ја носат твојата душа гордо и го споменуваат твоето име. Како што скоро ни зборуваше дека се гордееш со нас. Сакам во името на целото семејство да ти кажам дека сме најгорди на тебе и да му се заблагодарам со драга волја на Алах што ја имавме таа чест да ни бидеш мајка, нана, пријател и сé она што ја обликува твојата убава душа“, напиша Ален во својата објава.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
„Драги мои луѓе, браќа и пријатели. не можам да стигнам да ви одговорам на сите повод вашата поддршка и сочувства во врска со смртниот случај во моето семејство бидејќи ми пристигнаа милион пораки. Затоа сакам вака јавно да ви се заблагодарам од срце и да кажам дека сум многу среќен што ве имам вас. Ви благодарам уште еднаш“, додаде во својата последна објава Ален со две црвени срциња, од кое едното беше „скршено“ заради смртта на неговата драга личност.