Македонската Гранд ѕвезда со емотивен статус што ги разнежни сите – за Господ и за неговата мисија
Македонскиот пејач ги воодушеви, а воедно и растажи своите следбенци со статусот кој го сподели на Фејсбук.
Огнен го цитираше Тоше Проески и ги трогна своите фанови.
Младиот и талентиран Огнен Здравковски на големо гради успешна балканска кариера, а негова откочна штиа за стекнување балканска кариера беше учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
ФОТО: Инстаграм / Огнен Здравковски
Растен е во музичко семејство, негов вујко е Зоран Џорлев, а неговата мајка Софче Џорлева, позната вокалистка, изминативе години имавме можност да ја видиме и како дел од музичкото шоу „Никогаш не е доцна“.
Уште од мал Огнен бил сигурен дека ќе се занимава со музика, а денес успешно чекори кон нови победи.
ФОТО: Инстаграм / Огнен Здравковски
Музички е поткован и диполмираше на музичката академија во Скопје.
Освен во Македонија, Огнен е популарен и низ регионот.
ФОТО: Инстаграм / Огнен Здравковски
Активен е и на социјалните мрежи каде често поделува фотографии и од своето семејство.
Со неговиот Фејсбук статус кој е цитат од Тоше Проески и ги воодушеви своите фанови.
ФОТО: Инстаграм / Огнен Здравковски
„Верувам во Бога и единствено нему можам да му се заблагодарам за дарот кој го имам. Затоа што ова што го работам, го гледам како мисија што тој ја извршува преку мене. Јас сум само марионета…Што има повеќе да се каже!!!“, напиша Огнен.