Македонската ГРАНД ЅВЕЗДА соопшти преубава вест – пејачот никогаш не би посреќен, сите му честитаат
Познатиот пејач славеше роденден заедно со татковината
Огнен упати силна порака до својот народ и им го честиташе големиот празник.
Пејачот Огнен Здравковски со големи и врсти чекори се движи кон упешна кариера кај нас, но и на Балканот.
ФОТО: Фејсбук / Огнен Здравковски
Голема популарност стекна со учеството во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд, каде пубика од цела Југославија имаше можност да сведочи на неговиот талент. Со својот фантастичен глас веднаш ја освои публиката, но и жирито.
Растен е во музичко семејство, негов вујко е Зоран Џорлев, а неговата мајка Софче Џорлева, позната вокалистка, изминативе години имавме можност да ја видиме и како дел од музичкото шоу „Никогаш не е доцна“.
ФОТО: Фејсбук / Огнен Здравковски
Уште од мал Огнен бил сигурен дека ќе се занимава со музика, а денес успешно чекори кон нови победи.
Музички е поткован и диполмираше на музичката академија во Скопје.
Огнен ги има сите предиспозиции да стане голема ѕвезда, а Македонија веќе се гордее со неговите успеси.
ФОТО: Фејсбук / Огнен Здравковски
По повод Денот на независноста, Огнен се огласи на Фејсбук и јавно им го честиташе празникот на своите сограѓани.
„Горд сум што сум роден на ваков убав Македонски ден и што славам роденден во ист ден со мојата татковина!
Нека ни е честит празникот 8-ми септември “ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА”.
Да живее Република Македонија!“, напиша Огнен.