Македонската Гранд ѕвезда си рипна во тавче – ќе се изненадите од невестата, блеска покрај младоженецот
Невестата пред само неколку недели се породи...
Младиот фолк-пејач се ожени
Александар Темелков кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ сподели преубава вест на социјалните мрежи.
Имено, поранешната македонска „Гранд ѕвезда“ и неговата избраничка Сара застанаа пред матичарот и се заколнаа на вечна љубов.
Тие сега и официјално се Господин и Госпоѓа Темелкови, како што објави и самиот пејач под фотографиите на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Тој среќната вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи и веднаш доби голем број честитки кои се уште пристигаат.
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Венчавката се случи во Велес, родниот град на пејачот, а неговата сакана за овој настан блескаше во мал бел фустан.
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
За разлика од неа среќниот младоженец носеше црно сако и бела кошула, во комбинација со фармерки и патики.
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Потсетуваме, Александар и пред неколку недели ги изненади сите, кога откри дека неговата сопруга се породила.
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Тие се остварија во улога на родители, а пред неколку дена ги објавија и првите слики од нивниот син.