Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда си направи веридба како во турските серии – нагиздена си блеска од среќа

Прекрасна цветна декорација и раскошни торти, а убавата Мелиса нагиздена од глава до пети и во издание од кое застанува здивот

Реклама

Финалистката од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“, Мелиса Зијадиќ (18) се сврши за своето момче Ајдин.

Откако пред десетина дена му кажа „да“ на момчето, најмладата финалистка во „Ѕвездите на Гранд“ сега објави фотки и од веридбата.

Станува збор за Мелиса Зијадиќ од прилепското село Лажани која ги воодушеви сите со својот талент во популарното музичко шоу.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мелиса го освои високото петто место, а беше во тимот на Цеца и многумина ја нарекуваа македонската Драгана Мирковиќ.

Маркетинг

Додека траеше натпреварот нејзиното момче често беше во бекстејџот од каде ги следеше настапите на својата сакана, а неодамна на социјалните мрежи исплива фотографии на кои таа пробува венчаници, па многумина уште тогаш се прашуваа дали Мелиса планира да застане на лудиот камен по финалето во „Ѕвездите на Гранд“.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

И одговорот стигна брзо, прво откако Мелиса објави дека му кажала „да“, а сега и со фотографиите од нивната веридба.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

И како што пренесува и официјалниот портал на „Гранд“, нивната церемонија беше во стилот на кадрите што ги гледаме во турските серии, а како сето тоа изгледше, погледнете од фотографиите…

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Мелиса и Ајдин се во врска околу три години, а раскошната веридба колку што ги изненади сите, толку и ги воодушеви.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Од фотографиите можеме да ги видиме и бројните скапоцени подароци што таа ги доби, но и преубавите торти со иницијали на парот.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Од подароците за младата се истакна златната огрлица, како и преубавиот часовник, а и цветната декорација ги воодушеви сите.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Потсетуваме, 18-годишната Мелиса во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а со својот неверојатен талент и скромност ги освои симпатиите на сите.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Таа во шоуто често избираше тежок репертоар, а заради својот изглед и глас беше нарекувана македонската Драгана Мирковиќ.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

На крај се пласираше во финалето и го освои петтото место, а како звучеше еден од нејзините настапи, потсетете се во продолжение…

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button