Македонската Гранд ѕвезда се соблече во бикини – и Ким Кардашијан може да и завидува на овие линии
Оваа позната млада дама има тело на кое секоја девојка би можела да и завидува

По минатогодишното финале во „Ѕвездите на Гранд“ Марија Груевска напорно работи на својата музичка кариера.
Но покрај обврските, младата пеачка секогаш наоѓа време и за релаксација, што може да се види и на нејзиниот профил на Инстаграм.
Имено, Марија неодамна беше да си ги наполни батериите на едно интересно место заедно со својот сопруг, Синиша Стојаноски.

Во прашање е спа центар во еден познат хотел во Германија каде македонската Гранд ѕвезда уживаше за сите пари.

Шармантната пејачка одвај чекаше да се соблече во својот омилен костим за капење и да ужива во удобностите на ова место.

Облечена во дводелен модел со интересен дезен таа ја истакна својата беспрекорна линија и никого не остави рамнодушен.
Многумина и порачаа дека изгледа феноменално во бикини и дека има тело од милион долари.

Пејачката на едната фотографија позира испружена, како античка статуа на некоја божица, и мами воздишки на секој што ќе се најде во близина.

Инаку, Марија беше една од натпреварувачките во претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ каде привлече најмногу внимание.

Таа публиката ја освои како со својот глас така и со необичните сценски настапи со кои никого не оставаше рамнодушен.
Облечена во интересни сценски костуми Марија секогаш блескаше на сцената, а балканската поп-дива Јелена Карлеуша во една емисија и порача дека секоја жена би можела да и завидува на раскошното тело и дека ја потсетува на Ким Кардашијан.

Како Груевска изгледаше и на грандиозната сцена, потсетете се во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска