Македонската Гранд ѕвезда се расплака пред гостите – пресилни емоции, не можеше да ги сокрие (видео)
Пејачката имаше незаборавен викенд
Пејачката се уште е под импресии од настанот
Македонската Гранд ѕвезда што го освои третото место во популарното шоу, Андријана Петрушовска, воодушевена од публиката.
Како што самата изјави за „Гранд.онлајн“, пејачката е изненадена што скопската публика во толкав број дошла да го гледа концертот што го одржа во неделата вечерта.
Но истовремено таа и им се заблагодари на сите што се потрудиле да дојдат на нејзиниот концерт.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Имено, Андријана направи спектакуларен концерт во Драчево, а како гости ги покани Мики Секуловски и Александар Јосифовски.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа заедно со Мики освоија одличен резултат во „Ѕвездите на Гранд“, а претходно беше во финалето и со Александар Јосифовски.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Андријана не крие дека е презадоволна од концертот, посебно што се случи во местото од каде што потекнува.
„Им се заблагодарувам на сите што се потрудија и што дојдоа и да ја направат ова вечер посебна“, вели таа за Гранд.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
„Ова е нешто што може само да се доживее, ја се надевав дека ќе дојдат доста луѓе да ме гледаат и слушаат, но не можев ни да замислам дека ќе ги има во олкав број. Фасцинирана сум и навистина ми е чест што настапив пред луѓето од моето Драчево. Имаше и солзи, јас тоа не можам да го сокрија, емоцијата беше голема и силна. По природа сум емотивна и таа емоција не може да се сокрие“, изјави убавата пејачка по концертот за споменатиот медиум.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Андријана во „Ѕвездите на Гранд“ го освои третото место, додека Мики Секуловски од Велес второто.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Тие и двајцата ја воодушевија публиката со своите настапи, а во финалето одлична беше и Мелиса Зијадиќ која заврши на петто место.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Оваа сезона поприлично се истакна и Омар Џаферовски, но тој немаше среќа и не успеа да стигне до самото финале.
Омар и покрај тоа што беше генијален, а во еден од дуелите според гласовите на жирито беше подобар дури и од Мики Секуловски, не успеа да се пласира во четвртфиналето и тоа заради ждрепка.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Имено, Саша Поповиќ тогаш не знаеше кој од кандидатите да помине, па реши да фрлаат ждрепка, па Македонецот немаше среќа.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Во истиот круг и Петрушовска заврши во баражот, но 24-годишната пејачка на крај успеа да помине во следниот круг.
Извор: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Како изгледаа некои од најдобрите настапи на овие наши ѕвезди во популарното музичко тлент-шоу, но и дел од атмосферата од концертот што се одржа овој викенд во Драчево, погледнете од фотографиите и видеата претставени во рамките на овој текст…